Пукачка игра од прво лице

Пукачка игра од прво лице (англиски: First-person shooter (FPS)), пукач од прво лице или шутер од прво лицежанр на видеоигри во кој играчот користи ладно или огнено оружје за битки со разни непријатели, а сето тоа се гледа низ очите на управуваниот лик (оттаму прво лице). Општо земено, пукачките игри од прво лице имаат заеднички одлики со другите пукачки игри, кои, пак, спаѓаат во поопштиот жанр на акциони игри.

Екранска снимка од Doom, една од првите игри од жанрот; прикажан е типичниот поглед на пукачките игри од прво лице.

Од почетоците на овој жанр до денес, 3Д и псевдо-3Д графичките елементи драстично се подобрувале, барајќи сè подобар и подобар графички хардвер.

Групното играње (мултиплеер) е еден од најважните режими на игра за овој жанр.

Поврзано уреди