Просторна дезориентација

Просторната дезориентација е состојба во која перцепцијата кај пилотот за насоката, висината и брзината на летечкиот објект, не соодветствуваат со реалноста. Причини за ваквата состојба кај пилотот можат да бидат нарушената работа на центарот за рамнотежа (вестибуларен апарат), дејство на одредени лекови и дроги, стрес и паника, како и лоши временски услови и слабата видливост. Во состојба на просторна дезориентација, се губи чувството за нагоре и надолу, па затоа е неопходна поддршка од соодветни мерни инструменти.

Над 40% од авионските несреќи кај малите авиони, се директна последица на летање во услови каде авионот не бил опремен со мерни инструменти за висина, брзина и насока.

Забрзување и центрифугална сила уреди

За време на лет, забрзувањето и дејството на центрифугалната сила, влијаат на вестибуларниот апарат на начин што внатрешното уво со своите акцелерометри губат способност да определат дали телото е хоризонтално, вертикално поставено или превртено. Ова резултира со појава на илузии и целосна просторна дезориентација. Нефункционирањето на внатрешното уво доведува до состојба во која пилотот, во отсуство на мерни инструменти или дневна светлина, продолжува да лета со илузија дека лета право, а всушност во реалноста авионот спирално паѓа.

Просторна ориентација уреди

Просторната ориентација е способност човекот во мирување или движење, да ја определи сопствената позиција во однос на физичкиот простор (непосредната околина).

Влијанието на гравитацијата уреди

Заради брзината на авионот, дејството на гравитацијата за време на летот се анулира, па дури и преминува во негативна вредност. Така, доколку не постои видлив хоризонт, невозможно е пилотот да определи дали авионот е поставен хоризонтално или не, или пак лета превртен надолу.