Пркос (науч. Portulaca grandiflora) — едногодишно тревесто растение со месести, полегнати стебла со црвеникава боја, високи до околу 30 см. Листовите се месести и издолжени, долги до 2,5 см. Цветовите се 2,5 – 3 см во пречник, со 5 венечни ливчиња, но се среќаваат и со двојно венче. Цвета во разновидни нијанси на црвено, портокалово, жолто, циклама и бело. Кај повеќето сорти цветовите се отвораат само во сончев ден. Потекнува од јужна и средна Америка. Најблиски сродници му се од семејството на кактусите (Cactaceae).

Пркос
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
Ред: Каранфиловидни
Семејство: Пркоси
Род: Пркос
Вид: Пркос
Научен назив
Portulaca grandiflora
Hook.
Синоними[1]
  • Portulaca hilaireana G. Don
  • Portulaca immersostellulata Poelln.
  • Portulaca mendocinensis Gillies ex Hook.
  • Portulaca multistaminata Poelln.

Одгледување уреди

Пркосот е непретенциозно растение. Расте на секаква почва, како и меѓу камењата, по што и го добил името. Ја сака сончевата светлина, вирее добро на јужен прозорец или балкон. Неговите месести стебла и лисја му помагаат да го поднесе Сонцето и сушата. Неговите семиња сами се засејуваат и напролет ‘ртат.

Наводи уреди

  1. „The Plant List: A Working List of All Plant Species“. Посетено на 21 јуни 2015.

Надворешни врски уреди