Природни и законски права

Некои филозофи и политиколози прават разлика помеѓу природните и законските права.

Природните права (исто така наречени морални права или неоттуѓиви права) се права кои не зависат од законот, обичаите или верувањата на одредено општество или политичко уредување. За разлика од тоа, законските права (понекогаш наречени граѓански права) се права кои се усвоени од одредена политичка заедница, кодифицирани во закони со одредна форма на законодавство и како такви зависат од локалните закони, обичаи или верувања. Затоа, природните права се неопходно универзални, додека законските права се културно и политички релативни.

Релативизирајќи ги границите помеѓу природните и законските права, Џејмс Медисон верува дека некои права како што се право на судење од поротен суд се социјални права кои не потекнуваат од природните права нити пак од позитивното право туку од општествениот договор од кој владата ја изведува нејзината власт.[1]

Преглед уреди

Прашањето кои права се природни права, а кои законски е многу важно прашање во филозофијата и политиката. Според критичарите на концептот на природните права единственото право кое постои е законско право, додека противниците препознаваат и природни права. Фокусот на природните права во Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави се изразува во правната филозофија позната како Декларационизам.

Теоријата на законот за физичките лица се поврзува со теоријата на правата на физичките лица. Во текот на Ерата на Просветителството, законот за физички лица ги предизвикал правата на кралевите и станал алтернативно правосудство за утврдување на општествениот договор, позитивното право и владата – и поради тоа законските права добиле форма на класичен републиканизам. Спротивно на тоа, концептот за правата на физичките лица се користи од некои анархисти за предизвикување на законитоста на таквото управување.

Идејата за човекови права исто така се поврзува со идејата на природните права; некои лица не препознаваат разлика помеѓу овие две поделби и ги разгледуваат двете права како едно, додека други лица не ги мешаат термините за да ја елиминираат повзаноста со некои одлики традиционално поврзани со правата на физичките лица.[2] . Правата на физичките лица се над власта на секоја влада или меѓународно тело за да можат да бидат негирани. Универзалната Декларација на Човекови Права е важен законски инструмент кој го негува концептот на правата на физичките лица во меѓународно меко право.

Идејата дека животните имаат права на физички лица е онаа која го поттикна интересот на филозофите и студентите по правни студии во 21 век,[3] и како такви дури и со концептот на правата на физичките лица за човековите права двата термина не претставуваат синоними.

Историја уреди

Додека постоењето на законските права отсекогаш било контраверзно, идејата дека одредени права се физички или неоттуѓиви исто така има долга историја која поттекнува од Стоицистите на Доцната Антика која опаѓа преку протестантската реформација и Ерата на просветлувањето до денешен ден.

Древна историја уреди

Стоиците ја негувале идејата дека никој не треба да биде роб на друго лице; ропството било надворешен услов кое ставил крај на внатрешната слобода на душата (sui juris).
Помладиот Сенека напишал: „Погрешно е да мислиме дека ропството го испонува човековото суштество; подобриот дел од него е исклучен од него: телото навистина е подложно и е во моќ на господар но умот е независен и секако дека е слободен и див при што не може да се ограничи дури и со затворање на телото во којшто е доверен.[4] Слично на тоа, сфаќањето за неоттуѓивите права е најдена во форма на ран Исламски закон и правосудство, кој му забранува на владетелот „право да одземе одредени права на лицата и да ги присвои за себе како човечко суштество“. Исламските владетели немале право да ги лишат своите потчинетите од одредени права врз основа на тоа дека: „тие права се доделени со причина според законот и од извор кој ниеден владетел не може да ги промени“.[5] Овие идеи подоцна влијаеле врз концептот на Џон Лок за неоттуѓивите права преку предавањата на Едвард Покок, професор по Арапски студии.[6]

Средновековна историја уреди

Овој дел има потреба од проширување

Понова историја уреди

Неколку века подоцна доктрината на Стоицизмот дека „внатрешниот дел од телото не може да биде поробен“[7] се појавил во доктрината на слободата од реформацијата. Мартин Лутер напишал:
„Секој човек е одговорен за неговата судбина и мора самиот да го увиди она што тој го смета за правилно. Како што некој може да оди во пеколот или рајот наместо мене, толку истиот може да ме убеди или разубеди, и колку што може да ми ги отвори или затвори вратите на пеколот или рајот толку може да влијае врз моето верување или неверување. Затоа, верувањето или неверувањето е работа на сечија совест и бидејќи ова не е ублажување на световната моќ, ова последното треба да биде задоволено и да му дозволи на човекот да верува во она што тој сака бидејќи тоа не е забрането со сила.[8]

Во 17-от век Англија, филозофот Џон Лок зборувал за правата на физичките лица во неговата работа и ги идентификувал истите како „живот,слобода и имот (или сопстевност)“ според кој, таквите основни права не можат да се предадат на социјалниот контраст. Овие идеи беа побарани како јурисфикција за бунтовниците на Американските колонии. Како што рекол Џорџ Масон во неговиот цртеж за Декларацијата за независност на Вирџинија “сите луѓе се родени еднакви и слободни“ и поседуваат „одредени наследни права на физички лица“ од кои не можат да бидат лишени или одземени [9] Друг англичанец од 17-от век, Џон Либурн (познат како Слободниот Џон) кој бил во конфликт со монархијата на Крал Чарлс и воената диктатура на републиката управуван од Оливер Кромвел, ги дефинирал правата на слобода како права на суштества присутни кај сите човекови суштества како спротивни на правата доделени од владата или од човечкиот закон.

Разликата помеѓу неоттуѓивите и оттуѓивите права е воведена од Францис Хатчесон во неговата книга Систем на морална филозофија (1755) која се заснова на принципот на слобода на совеста на реформацијата. Човекот не може да ја отстапи способноста на личното расудување (на пример, за религиозните прашања) без разлика на некој надворешен контраст или завет до религиозните или световни власти така што правото е „неоттуѓиво“. Како што рекол Хатчесон, „Затоа човекот не може вистински да ги измени неговите чувства, расудувања или склоности на задоволство на друг, ниту пак може да направи нешто што спротивно на неговото срце. Затоа правото на лично расудување е неоттуѓиво.[10]
Во Германската ера на просветителството, Хегел дал високо развиено мислење за овој аргумент. Исто како и Хачесон, Хегел ја базирал теоријата на неоттуѓивите права на де факто неоттуѓивоста на оние аспекти од карактерноста кој ги разликува луѓето од предметите. Предметот, како дел од имотот, може да се пренесува од едно лице на друго. Но во исто време не се оденсува на оние аспекти кои го сочинуваат човекот, рекол Хегел:

„Правото на она што е во суштина неоттуѓиво не се препишува, со оглед на чинот според кој јас владеам со мојот идентитет и сум одговорно човечко суштество, способно за поседување права и со морален и религиозен живот, се одземаат овие одлики од надворешната одлика која ги прави способни за пренесување на сопственоста на некој друг. Откако ја поништив нивната надворешна одлика не можам да ги пуштам да застарат со времето или од некоја друга причина да ги изведам од мојата претходна согласност или желба за нивно изменување.[11]
Затоа во расправата за теоријата на социјалниот договор „неотуѓивите права“ се оние права кои не можат да се предадат од страна на граѓаните до владетелите. Таквите права се сметаат за права на физичките лица, независни од позитивното право. Меѓутоа, според многу теоретичари на социјалниот договор само најсилните во светот на физичките лица можат да имаат придобивки од нивните права. Затоа луѓето формираат безусловен социјален договор на кои им ги предаваат своите права на физички лица на власта која треба да ги заштити од злоупотреба за да можат во иднина да живеат под законските права на таа власт.

Но многу извинувања во текот на историјата за ропството и либерланата влада беа засновани на директни или индиректни доброволни договори за оттуѓување на „правата на физичките лица“ од слобода и само-одлучување.[12] . Де факто аргументите за оттуѓување на Хатчесон и неговите претходници обезбедуваат основа за анти-ропствено движење на само против принудното ропство туку и против директните или индиректните договорни форми на ропство. Секој договор кој се обидел легално да го лиши таквото право станува неважечко. Слично на ова, аргументот бил искористен од страна на демократското движење против секој директен или индирекен социјален констраст на субјективизам (partum subjectionism) според кој луѓето треба да го оттуѓат своето право на само-управување до суверенитет, на пример, во Leviathan од Томас Хобс. Според Ернст Касирер,

„Постои, барем, едно право кое не може да се даде или напушти: тоа е правото на идентитет...Тоа го напаѓа големиот логичар (Хобс) со контрадикторности во термините. Ако човек може да се откаже од својот идентитет тој ќе престане да биде морално суштество... не постои pactum subjectionis, начин на предавање според кој човекот може да ја отстапи состојбата на слободен агенс и поробување на самиот себеси. Со таков чин на откажување тој би се откажал од неговиот карактер кој ја сочинува неговата природа и суштина: тој би го загубил својот човечки род.[13]

Овие теми се конвергираат во дебатата за Американската независност. Додека Џеферсон ја пишуваше Декларацијата за независност, Ричард Прајс во Англија застанал на страна на барањето на Американците „дека Велика Британија се обидува да ги лиши од таквата слобода за кој секој член на општеството и граѓанското општество имаат природно или неоттуѓиво право на сопственост“.[14] Прајс уште еднаш ги базира аргументите на де факто неоттуѓивоста од „принципот на спонтаноста или само-одредувањето кое не сочинува нас агенсите или кои ги контролираат нашите дејства, толкувајќи ги соодветно дејствата а не ефектите од операцијата на било која странска причина.[15] Каков било социјален договор кои ги оттуѓува овие права би бил неважечки и незадолжителен, рекол Прајс:

„една држава не само што не може да добие таква власт над другите држави заради некои договори или отстапување. Ова е случајот во кој договорите не се задолжителни. Граѓанската слобода според тоа е на иста основа како и религиозните слободи.Како што луѓето не можат законски да ги предадат своите слободи со откажување од нивните права на само-оценување во религијата или со дозволување на човековите суштества да си ја препишат својата судбина или каков начин на обожување ќе применуваат така што ниедно граѓанско општество не може законски да ги предаде нивните граѓански права со откажување на својата моќ за располагање на својот имот до која било надворешна јурисдикција.[16]

Прајс предизвикал низа спротивености па така во 1777 година покренал друга расправа и повторно ја вратил де факто основата за аргументот според кој „слободата на луѓето како агенс е моќта на само-одредување што го поседуваат сите агенси како такви.[17] Во интелектуалните Потекла на Американскиот Радикализам, Стотон Линд ги собрал овие теми и ги поврзал со расправата околу дебатата:

„Се покажа дека предизвикува значителна разлика кога некој ќе каже дека ропството е погрешно бидејќи секој човек има физичко право на поседување на неговото тело или дека секој човек има физичко право на слободно одредување на својата судбина. Првиот вид на правото е оттуѓиво: Затоа Лок го изведува ропството од војната, додека човек се откажува од работната сила и се предава во рацете на поробувачот кој може и да го убие, и затоа на Дред Скот му се судело за предвремено предавање на својата слобода. Но вториот вид на право наречено од Прајс „моќта на само-одредување кои ги поседува сите агенси како такви“ неоттуѓиво е до колку човек останува човек. Исто како и потрагата на мозокот по религиозна вистинакоја е изведена, само-одредувањето не е побарување на сопственоста која пак може да биде стекната или предадена но неразделив аспект од човековото суптество.[18]
Во меѓувреме во Америка, Томас Џеферсон направил поделба на правата во отуѓиви и неотуѓиви од Хачесон кој ја направил поделбата популарна и важна“ [19] и во 1776 година Декларацијата на Независност на Соединтетите Американски Држави популарно се засноваше на следново:
„Веруваме дека овие вистини се очигледни, дека сите луѓе се раѓаат еднакви и дека Создавачот им дал одредени неотуѓиви права“.....
Во деветнаесеттиот век, движењето за укинување на овој член како изјава од уставен принцип, иако уставот на Соединетите Американски Држави го препознаваше и заштитуваше ропството. Како адвокат, идниот Министер за правда, Салмон П.Чес расправаше пред Уставниот суд за случајот на Џон Ван Зант кој е обвинет без да го прекрши Законот за Ропство, според кое:
„ Законот на Создавачот според кој сите човекови суштества кои се раѓаат имаат неотушиви слободи не можат да бидат отповикани по ниеден внатрешен закон кој изјавува дека секој човек е имот“.

Современа историја уреди

Многу документи ја одекнуваат фразата која се користи во Декларацијата за независност на Соединтетите Американски Држави. Преамбулата во 1948 година Универзалната Декларација на Човековите Права покажува дека правата се неоттуѓиви“:„препознавање на наследната гордост и еднаквите и неоттуѓиви права кај сите членови од човековата фамилија е фондацијата на слобода, правда и мир во светот“. Меѓутоа сѐ уште постои расправа околу кои „права“се вистински права на физичките лица а кои не се и концептот на правата на физичките лица сѐ уште е контроверзна тема за некои.

Современите политички филозофи ја продолжуваат либералната традиција на права на физички лица вклучувајќи ги либератаријаризам, анархо-капитализмот и објективизмот и вклучуваат во нивното правило делата на авторите како што се Лудвиг фон Мисес, Фридрих Хајек и Мјуреј Ротбард. Погледот на слободоумниот во врска со неоттуѓивите права е наведен во The market for Liberty на Морис и Линда Танехил во кој се зборува дека човек има право на сопственост врз неговиот живот а затоа и неговиот имот бидејќи инвестира време од неговиот живот (односно дел од својот живот) во него и го продолжува истиот. Меѓутоа, ако примени сила против друг човек тој се оттуѓува себеси од правото врз тој дел од неговиот живот кој има потреба да го плаќа својот долг. „долговите не се неоттуѓиви но сопственикот на право можр да се оттуѓи себеси од тоа право-никој не може да му ги одземе правата.[20]

Документи за законско право уреди

Специфичното редење на законските права според луѓето историски многу се разликуваат од еден век до друг век и од еден режим до друг режим но во денешно време нормално се однесува на уставите на односните држави. Следниве документи играат историски улоги во утврдувањето на некои правила на законските норми околу светот.

Теорија на правата на физичките лица уреди

Постојат различни теории на правата на физичките лица како на пример која е базата врз која се оправдуваат правата на физичките лица? И што всушност претставуваат правата на луѓето? Овие прашања се подгрупа на полето - мета-етици и етичка теорија.

Постоењето на правата на физичките лица е резултат на различни поединци како што е филозофско размислување или религиозни принципи. На пример, Имануел Кант ги добил прават на физичките лица преку „причината“. Декларацијата за независност во меѓувреме се заснова врз очигледната вистина дека „сите луѓе се ......од нивниот Творец со одредени неотуѓиви права“ [21]

Слично на ова, различните филозофи и државници имаат различна список на тоа што тие веруваат дека е право на физичкото лице. Скоро сите го вклучуваат правото на живот и слобода како два најголеми приоритети. Х.Л.А. Харт аргументира дека доколку постојат какви било права за тоа, тогаш мора д апостои право на слобода,а сите други би зависеле од тоа. Според Т.Х. Грин „ако постои такво нешто како права за сите тогаш мора да има право на слобода и живот или на слободен живот“.[22] Џон Лок ги нагласил „животот, слободата и сопственоста како најглавни. Меѓутоа, и покрај влијателната одбрана на Лок за правото на револуцијата, Томас Џеферсон го замени зборот „потрага по среќа“ со зборот „имот“ во Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави.

Томас Хобс уреди

Томас Хобс (1588-1679) вовел дискусии на правата на физичките лица во неговиот морална и политичка филозофија. Сфаќањето на Хобс за правата на физичките лица води потекло од неговото сфаќање за човекот во „природна состојба“. Поради тоа според него суштинското право на физичкото (човековото) лице е да ја искористи својата моќ за да ја сочува својата природа на својот живот и последователно и последователно на тоа, правејќи работи со своето расудување (Левиатхан. 1,XIV).

Според Хобс апсурдно е да се негира правото, исто како што би било апсурдно да се очекува месојадните животни да одбијат месо или рибите да престанат да пливаат. Хобс остро ја разликува физичката „слобода“ од „законите “ на физичките лица (обврски), опишани општо како „правило или општо правило, кој му забранува на човекот да го прави она што го уништува животот или да ги отстрани средствата на зачувување на животот или да изостави она што мисли дека најдобро треба да се чува“ (ibid).

Во неговата природа, според Хобс, животот на човекот се состои од слободите и не само за законите-Во таква состојба секој човек има право на нешто, дури и на телото на друг. И затоа, колку што трае ова природно право на секој човек да прави сешто ниеден човек нема да се осеќа безбедно“ (ibid). Ова неизбежно доведува до решение како „војна против сите“ во која човековите суштества убиваат, крадат и заробуваат други како би преживеале и како резултат на нивната природна желба за „Добивка“, „Безбедност“ и „Углед“. Според Хобс овој свет на хаос создаден од неограничени права е целосно непожелен бидејќи ќе го направи човековиот живот „осамен, гнасен, брутален и краток“. Како таков, ако луѓето сакаат да живеат мирно тие мора многу да отстапат од нивните права на физички лица и создавата морални обврски со цел за утврдување на политичко и граѓанско општество. Ова е еден од најраните формулации на теоријата на владата позната како социјален договор.

Хобс се противел на обидот да ги изведе правата од „закон за физички лица“, кажувајќи дека законот („lex“) и правото како (jus) често збунет, означува спротивности со законот кој се однесува на обврските, додека правата се однесуваат во отусство на обврските. Бидејќи поради нашата (човекова) природа, ние бараме да го подобриме мајмногу што можеме нашата добросостојба, правата се претходници до законот, природни и институционални а луѓето нема да ги следат законите на природата без да бидат претходно подложни на моќта на суверенитетот, безда бидат незначителни идеите на право и погрешно –Затоа, пред да ја заземат својата употреба имињата на Правда и Неправда мора д апостои некаква принудна Моќ, да го присилат човекот еднакво на исполнување на своите договори....,to make good that Propriety, which by mutual contract men acquire, in recompense of the universal Right they abandon: and such power there is none before the erection of the Commonwealth." (Leviathan. 1, XV). Ова претставувало важно истапување од средновековните права на физичките лица што дале предност на обврските пред правата.Меѓутоа некои мислители како што се Лео Штраус, ја задржале супериорноста на правото на физичкото право или моралната обврска и затоа не се согласува со средновековното сфаќање.

Џон Лок уреди

Џон Лок (1632-1704) е уште еден докажан Западен филозоф кој ги концептуализирал правата како природни и неоттуѓиви. Исто како и Хобс, Лок е најголем социјален мислител. Тој рекол дека прават на физичките лица се живот, слобода и имот. Тој многу влијае врз Револуционарната војна со неговите пишувања кои ги опфаќаат пишувањата на правата на физилките лица.

Според Лок постојат три права на физичките лица (потребен цитат)

  • Живот-секој има право да живее откако ќе се родат
  • Слобода-секој има право да работи она што сака се дури е во согласност со првото право.
  • Имот- секој има право да поседува што ќе го создаде или го добие на поклон се додекае со согласност со првите две права.

Социјалниот договор е договорот помеѓу суштество или суштества и луѓето или следбениците. Кралот го создава законот за да ги заштити првите три права. Луѓето се согласуваат на овие закони но треба да ги следат. На луѓето може да им се суди и да бидат убиени ако ги прекршат овие правила. Ако кралот не ги следи овие правила тој моше да биде симнат од власт. (потребен цитат).

Томас Пејн уреди

Томас Пејн (1731-1809) понатаму елаборираше за правата на физичките лица во неговото дело Правата на Човекот (1971), нагласувајќи ги правата кои не можат да бидат одобрени по ниеден закон бидејќи тоа законски би значело дека тие исто така можат да бидат укинати и под такви услови тие би биле само привилегирани. Перверзија на условите е да се каже дека договорот дава права. Оперира со спротивен ефект-оној кој ги одзема правата. Прават се наследни кај сите жители но договорите со поништување на овие права во мнозинството го напуштаат правото во рацете на малкумина... Тие последователно се инструменти за неправда. Фактот мора да се состои од самите поединци секој со својот лично право и право на владеење, навлегува во договор со смаите себеси да произведат влада: и ова е единствениот начин во кој владите имаат право да се кренат а единствениот принцип на кој имаат право да опстанат.

Расправа уреди

Концептот на неоттуѓивите права се критикува од Џереми Бентам и Едмунд Берк како основа. Бентам и Берк, кои пишуваат во осумнаесеттиот век, укажале дека правата настануваат од дејствата на владата или настануваат од традицијата и ниеден од овие обезбедуваат нешто неоттуѓиво. (Види „Critique of the Doctrine of Inalienable, Natural Rights“ на Бентам и „Refletion on the revolution in France“) на Бурк. Одржувајќи ја промената во размислувањето во 19 век, Бентам славо ја отфрлил идејата за правата на физичките лица како „глупости на патерици“.

Потписниците на Декларацијата на Независноста веруваат во „очигледната вистина“ дека сите луѓе „имаат одредени неоттуѓиви права од нивнот Создавач“. Критичарите укажувата дека употребата на зборот „Создавач“ означува дека овие права се засновани врз основа на теолочките принципи и можат да дискутираат кои се тие теолошки принципи или кои теолочки принципи треба да бидат прифатени од луѓето кои не се согласуваат од Религијата од која што се создадени. Во „the Social ContractЖан–Жак Русо тврди дека постоењето на неоттуѓивите права за присуството на устав или група на закони и права. Оваа идеја на социјален договор – тие права и обврски кои се изведени од консензуалнот договор помеѓу владата и луѓето- е најчесто прифатената алтернатива.

Според Сејмуел Хантингтон, американски политиколог, аргументот за „неотуѓивите права“ од Декларацијата на Независност е нужна затоа што „Британците се бели,Англо и Протестантите како што бевме ние. Тие морале да имаат некја друга основа за да ја оправдат независноста“.

Различните филозофи создале различни списоци од права кои тие ги сметале за права на физичките лица. Според предлагачите на физичките права, посебно Хеселберг и Ротбард можат да се однесуваат на посебно вистински аксиоматски права од предлоените права, укажувајќи дека кој било принцип кој може да се докаже како неточен претставува аксиом. Критичарите укажале на недостигот од договор помеѓу предлагачите како доказ за барањето дека идејата за права на физичките лица ретко кога претставува политичка алатка. На пример, според Џонатан Валас не постои база врз која одредени права би се класифицирале како права на физички лица и укажал дека мислењето на Хобс за правата на физичките лица го меша правото со способноста (човековите суштества ја имаат способноста за барање само на својата благосостојба и ја следат нивната природа на ист начин како и животните но не се подразбира дека тие имаат право да го прават тоа).[23] Валас го застапува соцјалниот договор и исто како и Хобс и Лок не го базира тоа на правото на физичките лица:

Сите ние сме на маса и решаваме кое право да го усвоиме, ослободени од сите нејасни ограничувања, половични митови, анонимни патријархални текстови и мистериозни концепти за природата. Ако ви предложам нешто што вие не сакате, кажете ми дека не е практично, дека е штетно за некого или дека се однесува на некое друго право, но не ми кажувајте дека го навредува универзумот.

Според другите критичари обидот да се добие правото од „законот за физички лица“ или „човековата природа“ е пример за постоење на проблем. Меѓутоа, зборот „физички“ во „права на физички лица“ се однесува на спротивното од „вештачки“ отколку значењето „физички“ како што е во смисла на етнички натурализам, кој според Г.Е. Мор го нема таквиот проблем на натуралистичка заблуда.

Поврзано уреди

  • Правата на луѓето
  • Права
  • Човекови Права
  • Граѓански и политички права
  • Економски, социјални и културни права
  • Права на Англичаните

Наводи уреди

  1. 1 Introduction of the Bill of Rights in Congress, 1789 Jun 8, Jul 21, Aug 13, 18-19; Annals 1:424-50, 661-65, 707-17, 757-59, 766.
  2. 2 ^ Jones, Peter. Rights. Palgrave Macmillan, 1994, p. 73.
  3. 3 ^ "Animal Rights", Encyclopædia Britannica, 2007; Dershowitz, Alan. Rights from Wrongs: A Secular Theory of the Origins of Rights, 2004, pp. 198–99; "Animal Rights: The Modern Animal Rights Movement", Encyclopaedia Britannica, 2007.
  4. 4 ^ Seneca, De beneficiis, III, 20.
  5. 5 ^ Judge Weeramantry, Christopher G. (1997), Justice Without Frontiers, Brill Publishers, pp. 8, 132, 135, ISBN 90-411-0241-8
  6. 6 ^ Judge Weeramantry, Christopher G. (1997), Justice Without Frontiers, Brill Publishers, pp. 8, 135, 139–40, ISBN 90-411-0241-8
  7. 7 ^ Davis, David Brion. The Problem of Slavery in Western Culture. Cornell University Press, 1966, p. 77.
  8. 8 ^ Martin Luther, Concerning Secular Authority, 1523.
  9. 9 ^ Pauline Maier,American Scripture: Making the Declaration of Independence. New York: Alfred A. Knopf, 1993, p. 134.
  10. 10 ^ Hutcheson, Francis. A System of Moral Philosophy. London, 1755, pp. 261-2.
  11. 11 ^ Georg W. F. Hegel, Hegel's Philosophy of Right, T.M. Knox, trans., New York: Oxford University Press, 1967 (1821), section 66.
  12. 12 ^ Philmore, J. 1982. The Libertarian Case for Slavery: A Note on Nozick. Philosophical Forum. XIV (Fall 1982): 43-58.
  13. 13 ^ Cassirer, Ernst. The Myth of the State. Yale University Press, 1963, p. 175
  14. 14 ^ Price, Richard. Observations on the Nature of Civil Liberty. 1776, Part I. Reprinted in: Peach, Bernard, (Ed.) Richard Price and the Ethical Foundations of the American Revolution. Duke University Press, 1979, p. 67.
  15. 15 ^ Ibid., pp. 67-68.
  16. 16 ^ Ibid., pp. 78-79
  17. 17 ^ Price, Richard. Additional Observations on the Nature and Value of Civil Liberty. Reprinted in: Peach, Bernard, (Ed.) Richard Price and the Ethical Foundations of the American Revolution. Duke University Press, 1979, p. 136.
  18. 18 ^ Lynd, Staughton. Intellectual Origins of American Radicalism. Vintage Books, 1969, pp. 56-57.
  19. 19 ^ Garry Wills, 1979. Inventing America. New York: Vintage Books, p. 213
  20. 20 ^ "Man and Society". The Market for Liberty. pp. 11.
  21. 21 ^ United States Declaration of Independence
  22. 22 ^ Lectures on the Principles of Political Obligation, T. H. Green, 1883, p.114.
  23. 23 ^ Wallace, Jonathan (2000-04). "Natural Rights Don't Exist". The Ethical