Принцот Каспијан: Враќањето во Нарнија (англиски: Prince Caspian: The Return to Narnia) е фантастичаен роман за млади напишан од страна на К. С. Луис во 1949 и издаден во 1951. Ова е втората книга во серијалот, иако според внатрешната хронологија е четврта.

Синопсис уреди

По 1300 години Питер, Едмонд, Сузан и Луси се враќаат во Нарнија. Го разгледуваат Кар Паравел разурнат. Така сфаќаат дека во Нарниа имало војна, Нарниа паднала во ропство Талмаринците. Тие си ги наоѓаат своите работи. Во меѓувреме Каспијан Х се среќава со старите Нарнијананци и се здружуваат. По некулку дена Питер, Едмонд, Сузан, Луси и нивниот пријател џуџето се среќаваат со Каспијан Х и другите Нарнианци. Тие одат кон камениот замок. Приготвуваат планови како да влезат во замокот на талмаринецот Мираз. Планот се одвива во ноќ. Но, планот не успева. Половина од војската е убиена, а половина се враќа. Меѓувреме Мираз станува Крал на Нарнија и ја испраќа својата војска кај замокот на Старите нарнијанци. Питер за да ја тргне Талмаринската војска од Нарнија го предизвикува Мираз на борба до смрт, а тоа Мираз го прифаќа. Во таа борба победува Питер. Но, Талмаринците не остануваат на зборот приготвуваат измама така започнува некулку часовна борба. Бидејќи Луси ќе биде испратена да оди што подалеку од војното поле налетува на Аслан додека Тамарински војник ја следи. Војната завршува на реката каде што ќе се појави Аслан со Луси. Талмаринските војници се предаваат. Каспијан станува крал, а четворицата се враќаат во нормалнит свет.