Празната куќа или Авантурата во празната куќа (англиски: The Adventure of the Empty House) е еден од 56-те раскази за Шерлок Холмс, напишани од шкотскиот писател Сер Артур Конан Дојл. „Празната куќа“ е еден од 13 раскази во книгата „Враќањето на Шерлок Холмс“. Јавниот притисок го натерал Конад Дојл повторно да објавува раскази со Шерлок Холмс, поточно да го оживее Шерлок Холмс по смртта на ликот во претходната книга. Самиот Конан Дојл го ставил овој расказ на шестото место на неговиот список на омилените раскази за Шерлок Холмс.

Празната куќа
Корица на првото издание на книгата „Враќањето на Шерлок Холмс“.
АвторСер Артур Конан Дојл
Изворен насловThe Adventure of the Empty House
ЗемјаОбединето Кралство
Јазиканглиски
СеријалВраќањето на Шерлок Холмс
Жанрдетективски расказ
ИздавачStrand Magazine
Издадена
1903
Медиумпечатено
Претходнанема 
СледнаНорвудскиот градежник 

Сиже уреди

Наспроти станот на Шерлок Холмс на Бејкер Стрит има празна куќа која гледа во станот на детективот и негова поставена восочна фигура. Фигурата била поставена како мамка за Себастијан Моран, преживеан соработник на професорот Моријарти. Во април 1894 година, Вотсон (сега веќе вдовец) оди во Парк Лејн 427 каде бил убиен младиот коцкар Роналд Адер. Вотсон налетал и се судрил со еден стар колекционер на книги, кој патем го следи до неговите простории и на крај открива дека всушност колекционерот е Шерлок Холмс. Во продолжетокот, Шерлок Холмс му објаснил на Вотсон како ја преживеал битката со професорот Моријарти, што работел до тој момент и како се снаоѓал. Понатака, двајцата продолжуваат со нивните детективски авантури.[1]

Наводи уреди

  1. „Празната куќа“, Враќањето на Шерлок Холмс, Конан Дојл, Лондон, 1903.

Поврзано уреди