Портал   Основни статии   Проект   Разговор за проектот   Учесници во проектот
уреди   

ШАХ

Шах (од персиски: شاه - крал) е спортска игра на квадратна табла за двајца играчи. Таблата е поделена на осум редови и осум колони, и има 64 полиња кои се наизменично темни и светли (често се вели „црни“ и „бели“).

Не постојат сигурни податоци за времето на настанување. Најверојатно играта се појавила пред повеке од 2000 години. При археолошките ископувања во Узбекистан биле најдени две фигури изработени од слонова коска, идентификувани како шаховски фигури, а датирани во времето на владеење на царот Хувишке (II век). Прочитајте повеќе


уреди   

Избрана статија

Шаховска олимпијада — меѓународно шаховско натпреварување, кое се одржува под покровителство на ФИДЕ. На натпреварувањето може да учествуваат машки и женски репрезентации од земји, кои се членки на ФИДЕ.

Турнирот се одржува од 1927 година, на секои две години, а содржи натпревари и во машка и во женска конкуренција. Бројот на земји-учеснички не е ограничен.

Победничкиот пехар во машка конкуренција е познат и како „Хамилтон-Раселов пехар“, а се доделува уште од 1927 година. Во женска конкуренција, победничкиот пехар е наречен „Менчиков пехар“.

Досега се одржани 38 шаховски олимпијади, а најмногу победи во обете конкуренции има репрезентацијата на Советскиот Сојуз, 18 во машка и 11 во женска конкуренција.
уреди   

Избрано дело

Прашања за современата шаховска теорија — шаховска книга, дело на советскиот шахист, шаховски автор и теоретичар Исак Липницки. Книгата е напишна во 1956, а во неа е содржано објазнување на многу елементи од отворањето и нивното поврзување со средишницата од играта преку анализа на корисни партии одиграни во периодот дод првата половина на 20. век. Книгата е напишана на руски јазик и има 433 страници. Прочитајте повеќе
уреди   

Избрана слика

уреди   

Дали сте знаеле...


уреди   

Шаховски отворања

уреди   

Избрана биографија

Вишванатан Ананд (р. 1969) — индиски шаховски велемајстор и поранешен светски првак во шах.

Ананд стана светски првак во шах според ФИДЕ во 200, кога светската титула беше поделена. Во 2007, Ананд стана неоспорен светски првак во шах со победата против Владимир Крамник, а во 2008 против истиот противник ја одбрани истата титула. Со оваа победа, тој стана првиот шахист во шаховската историја којшто успеал да стане светски првак во 3 различни форми на натпреварување:нокаут, турнир и меч. Прочитајте повеќе
уреди   

Избрана композиција

Г. Ф. Андерсон, 1919г.
abcdefgh
8
h8 бел ловец
a4 бел топ
b3 бел пешак
c3 црн коњ
a2 бел ловец
b2 црн топ
c2 бел пешак
e2 црн пешак
a1 црн крал
c1 бел крал
e1 бел топ
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Белиот е на потег, мат во 2 потега!
уреди   

Категории

уреди   

Поврзани портали

уреди   

Шах на останатите викимедиини проекти...

Викивести
(англиски)
Викицитат
(англиски)
Викиризница
(англиски)
Викиизвор
(англиски)
Викикниги
(англиски)