уреди   

ГЕОЛОГИЈА

Геологијата е наука за настанувањето, градбата и составот на Земјата, наука за процесите и пројавите што настанувале и настануваат на површината од Земјата и во нејзините длабочини.


уреди   

Избрана статија

Езерата се поголеми вдлабнатини на Земјината површина исполнети со вода, која не е во непосредна врска со морските површини. За разлика од подземните басени врз кои и речиси не влијаат климатските фактори и кои немаат флора и фауна, езерата се облици на пејзаж кои зависат од областа во која се наоѓаат и често имаат многу богата флора и фауна. Се создаваат во природни котлини и обично добиваат вода од дождовите и од реките, а дел од оваа вода се испушта во друга река или со понирање. Но, постојат и езера од кои не истекува водата, а можат да имаат реки кои им носат вода. Вакви езера се чести во пустинските области. Во други случаи, езерото исполнува затворена вдлабнатина и собира вода само од дождовите, како што е случај со езерата што ги исполниле поранешните вулкански котлини или шуплини, ископани од некој ледник. Прочитајте повеќе


уреди   

Дали сте знаеле...

  • ... дека основните типови на карпи се магматски, метаморфни и седиментни?
  • ... дека епохата во којашто живееме се вика холоцен?
  • ... дека пред околу 250 милиони години, сите континенти биле споени сочинувајќи џиновски континент наречен Пангеа?


уреди   

Избрана слика

Полуостровот претставува геолошка форма.
уреди   

Категории

уреди   

Клучни статии

уреди   

Поврзани портали

уреди   

Геологија на останатите вики проекти...

Викивести
(англиски)
Викицитат
(англиски)
Викиризница
(англиски)
Викиизвор
(англиски)
Викикниги
(англиски)