Помош:Алатки за превод и транскрипција
Оваа страница содржи информации и алатки кои можат да помогнат при превод и предавање на текст од странски на македонски јазик и писмо.
Вклучување на македонска поддршка на Вашиот сметач уреди
- За Windows XP: Македонска поддршка — страници за помош на Vestel кои одговараат како да проверите дали е воспоставена поддршка и како да ја воспоставите ако тоа не е напревено. Содржи и врска до претворач на текст од латиница во кирилица.
Транскрипција и правопис уреди
Енциклопедиски статии кои ги резимираат правилата за пренесување и правопис. Препорачано е да ги имате при рака при двоумење.
Промена на латиничен во кириличен текст уреди
- EN-MK Convertor — автоматски претворач, во левата кутија го внесувате текстот на латиница, одбирате „Convert“ на дното од страницата и текстот се појавува на кирилица во десната кутија. Задолжително проверете претворениот текст за грешки.
Преведувачот на Google уреди
- Преведувач на Google — услуга на Google за превод на пасус од текст или мрежна страница во друг јазик. Совет: секогаш правете проверка на преведениот текст и поднесувајте ги поправените преводи во кутијата „Contribute a better translation“ за да се подобри алгоритамот за превод на македонски јазик.
Речници уреди
Ова е список на речници на интернет кои можат да Ви помогнат при проверка или пронаоѓање на зборови:
- Дигитален речник на македонскиот јазик
- Он.нет речник, содржи лексикон, правописен речник и речници на англиски, албански, германски, грчки, италијански и француски јазик
- Идивиди
- Набу - англиско-македонско-англиски со лексикон на македонскиот јазик
Поврзано уреди
- Википедија:Селска чешма — Овде можете да се обратите за помош од википедијанците за да разјасните некоја несигурност во врска со преводи и транслитерации на имиња или поими од било кој јазик на македонски или пак да поставувате прашања и да добиете помош доколку имате двоумења со македонскиот правопис и граматика при уредувањето на статиите. Можете и да пријавите доколку сте забележале нешто во некоја статија што сметате дека се коси со правописните и граматичките правила.