Подметнување (филм)

Подметнување англиски: Changeling е американски драма трилерфилм на Клинт Иствуд од 2008 год. Главните улоги ги играат: Анџелина Џоли, Гатлин Грифит, Ајми Рајан, Џон Малкович итн. Во 2008 година, филмот бил номиниран за наградата „Златна палма“ на Канскиот фестивал. Во 2009 година, филмот имал номинации за три награди „Оскар“ и две номинации за „Златен глобус“.[1]

„Подметнување
(Changeling)“
Официјален постер
РежисерКлинт Иствуд
ПродуцентКлинт Иствуд
СценаристЏо Мајкл Страцѕински
Главни улогиАнџелина Џоли
Џон Малкович
Џефри Донован
Џејсон Батлер Харнер
Гатин Грифит
Жанрдрама
трилер
МузикаКлинт Иствуд
ДистрибутерUniversal Pictures
Премиера31 октомври 2008  САД
26 ноември 2008
Времетраење141 мин.
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет$55.000.000
Бруто заработка$66.7.000.000

Синопсис уреди

Дејството на филмот се одвива во Лос Ангелес, во 1928 година. Самохраната мајка Кристин Колинс (ја игра Џоли) се враќа од работа и дознава дека го нема деветгодишниот син Волтер (го игра Грифит). По неколкумесечна истрага, полицијата пронаоѓа едно дете во Илиноис, кое одговара на описот и кое кажува дека е нејзиниот син. Тогаш, се вклучуваат и медиумите, кои сакаат да ја разгласат приказната со среќен крај, но мајката тврди дека тоа не е нејзиниот син. Полицајците ја сметаат мајката за лажливка или за хистерична жена. Но, кога таа ќе му се придружи на еден свештеник (го игра Малкович) во критиката на работата на полицијата, државните служби се свртуваат против мајката. Во меѓувреме, на еден ранч, еден полицаец пронаоѓа имигрант од Канада со нерегулирани документи за престој. Тогаш, момчето од Канада ја соопштува застрашувачката приказна...[2]

Глумечка екипа уреди

Глумци Ликови
Анџелина Џоли Кристин Колинс
Џефри Донован Џ.Џ. Џонс
Џон Малкович Густав Бриглеб
Џејсон Батлер Харнер Гордон Норткот
Ејми Рајан Карол Декстер
Мајкл Кели Лестер Ибара

Награди и номинации уреди

66то изданиеЗлатен Глобус уреди

Најдобра главна глумица во драма (Анџелина Џоли)– номинирана
Најдобар саундтрак (Клинт Иствуд) – номиниран

81во издание Оскар уреди

Најдобра глумица во главна улога (Анџелина Џоли) - номиниран
Најдобра кинематографија - номиниран
Најдобра уметничка режија - номиниран

Надворешни врски уреди

  1. IMDb, Changeling (2008), Awards (пристапено на 30.5.2015)
  2. „Замена“, Антена, број 881, 15.5.2015, стр. 15.