Податочен грозд (анг. Data Cluster) е компјутерски поим кој означува еден или повеќе сектори на флопи или на тврд диск што оперативниот систем или диск-контролорот ги третира како една целина. При запишување на податотека на диск оперативниот систем, го дели на блокови што ги сместува во различни гроздови распоредени по целиот диск. Во ФАТ-табелата се чуваат податоците за гроздовите на една податотека и нивната местоположба.

Структура на диск:
(A) патека
(B) геометриски сектор
(C) сектро од патека
(D) грозд.

Гроздот е најмалото логичко количество на дисков простор, кое може да биде искористено за сместување на содржината на една податотека. Не е неопходно гроздот да биде составен од физички соседни сектори на дискот, тој може да опфаќа повеќе од една патека или да е составен од последователни сектори во самата патека. Ова не треба да се поистовети со Фрагментација на диск.