Повикувачки броеви во Србија

Ова е список на повикувачки броеви во Србија. Меѓународниот повикувачки број за Србија е 381.

Меѓународен повик од Србија уреди

  • Во случај ако од Србија преку фиксен телефон се бара претплатник во странство, тогаш прво се бира 00. Затоа што овој број не е за сите земји ист, генерално се зема '+', како број за излез (порано се користел 99 наместо 00). Потоа се бира:
  • кодот на земјата, 381 за Србија од странство, 1 за САД и Канада, 7 за Русија, но и за Казахстан, 380 за Украина,49 за Германија. Потоа се бира:
  • областен (регионален код) или код на градот. И на крајот се бира:
  • бројот на претплатникот кој е стандарден и не се менува при повик.

Во некои земји нема кодови на телефоните (Германија и Чешка). Повик до српски претплатник од странство. Доколку македонски претплатник сака да се јави на претплатник во Србија, тогаш се јавува по овој редослед:

  • 00 (или +)
  • кодот за Србија 381
  • повикувачки број за округот
  • број на претплатникот

или тоа би требало да изгледа вака, доколку се јавува во Јагодина: 00 381 35 XXXXXX или +381 35 XXXXXX.

Повикувачки броеви за населените места во Србија уреди

Број Седиште Општини
010 Пирот Бабушница, Димитровград, Пирот
011 Белград
012 Пожаревац Велико Градиште, Голубац, Жабари, Жагубица, Кучево, Мало Црниќе, Петровац, Пожаревац
013 Панчево Алибунар, Бела Црква, Вршац, Ковачица, Ковин, Опово, Панчево, Пландиште
014 Валево Валево, Лајковац, Лиг, Мионица, Осечина, Уб
015 Шабац Богатиќ, Владимирци, Коцелева, Крупањ, Лозница, Љубовија, Мали Зворник, Шабац
016 Лесковац Бојник, Власотинце, Лебане, Лесковац, Медвеѓа, Црна Трава
017 Врање Босилеград, Бујановац, Владичин Хан, Врање, Прешево, Сурдулица, Трговиште
018 Ниш Алексинац, Бела Паланка, Гаџин Хан, Долевац, Мерошина, Ниш, Сврлиг, Сокобања
019 Заечар Заечар, Кладово, Књажевац, Неготин
020 Нови Пазар Нови Пазар, Сеница, Тутин
021 Нови Сад Бач, Бачка Паланка, Бачки Петровац, Беочин, Бечеј, Врбас, Жабаљ, Нови Сад, Србобран, Сремски Карловци, Темерин, Тител
022 Сремска Митровица Инѓија, Ириг, Пеќинци, Рума, Сремска Митровица, Стара Пазова, Шид
023 Зрењанин Житиште, Зрењанин, Нова Црња, Нови Бечеј, Сечањ
0230 Кикинда Кикинда, Нови Кнежевац, Чока
024 Суботица Ада, Бачка Топола, Кањижа, Мали Иѓош, Сента, Суботица
025 Сомбор Апатин, Кула, Оџаци, Сомбор
026 Смедерево Велика Плана, Смедерево, Смедеревска Паланка
027 Прокупле Блаце, Житораѓа, Куршумлија, Прокупле
028 Косовска Митровица Косовска Митровица
0280 Гнилане Гнилане
029 Призрен Призрен
0290 Урошевац Урошевац
030 Бор Болевац, Бор, Мајданпек
031 Ужице Арилје, Баина Башта, Косјериќ, Пожега, Ужице, Чајетина
032 Чачак Горен Милановац, Ивањица, Лучани, Чачак
033 Приеполе Нова Варош, Прибој, Приеполе
034 Крагуевац Аранѓеловац, Баточина, Книќ, Крагуевац, Рача, Топола, Лапово
035 Јагодина Деспотовац, Јагодина, Рековац, Параќин, Свилајнац, Ќуприја
036 Кралево Врњачка Бања, Кралево, Рашка
037 Крушевац Александровац, Брус, Варварин, Крушевац, Ражањ, Трстеник
038 Приштина Приштина
039 Пеќ Пеќ
0390 Ѓаковица Ѓаковица

Повикувачки броеви за мобилните оператори уреди

Србија:

код употреба
60, 61, 68 Vip Mobile
62, 63, 69 Telenor Serbia
64, 65, 66 mt:s (Телеком Србија)

Косово:

код употреба забелешка
44, 45 Vala +377 се користи кодот од Монако.
43, 49 IPKO +386 се користи кодот од Словенија.