Планкова температура

Формули за претворање на Планкова температура
од Планкова температура во Планкова температура
Целзиус [°C] = [K] − 273,15 [K] = [°C] + 273,15
Фаренхајт [°F] = [K] × 95 − 459,67 [K] = ([°F] + 459,67) × 59
Ранкин [°R] = [K] × 95 [K] = [°R] × 59

Планковата температура (TP) е највисоката физички возможна температура, согласно теориите на германскиот физичар Макс Планк (1858-1947). Како таква е дел од системот на природни единици познати како Планкови единици, кои се темелат на универзални физички константи.

Таа е воедно и појдовна единица на Планковата температурна скала: Планкова температура = 1, апсолутна нула = 0, а сите други темепратури се децимали на TP. На пример, 0 °C = 1,928 × 10−30TP.

Дефиниција уреди

Планковата температура се дефинира вака:

  = 1,416833(85) × 1032 K

каде:

Двете цифри пред заградите ја означуваат стандардната грешка на последните две цифри на проценетата вредност.[1]

Важност уреди

Како и другите Планкови единици, Планковата температура 1 (единство) претставува фундаментална граница во квантната механика според денешните сфаќања, заедно со гравитацијата. Постоењето на температура поголема или еднаква на TP би ја срушило тековната физичка бидејќи немаме теорија на квантна гравитација.[2]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „CODATA - Вредност: Планкова температура“. NIST-ов прирачник за константи, единици и несигурност. NIST. Посетено на 12 октомври 2011. (англиски)
  2. Апсолутна врелина - NOVA (англиски)

Надворешни врски уреди