Питермарицбург е седиште и најголем град во провинцијата Натал во ЈАР. Тој е основан во 1838 година. Има две верзии за потеклото на името на овој град. Едната гласи дека градот бил именуван по Пит Ретиф и Герт Мариц, познати водачи. Другата теорија, пак, тврди дека градот е именуван само по Пит Ретиф, чиешто цело име е Питер Мариц Ретиф. Питермарицбург е познат и по престојот на Махатма Ганди, каде што тој бил исфрлен од возот во кој се возел, бидејќи се сместил во вагоните од прва класа, а и затоа што бил Индиец. Денес постои бронзена статуа на Ганди во градот.

Поглед кон градското собрание

За време на Зулуската Империја, градот се викал Умгунгундлову, што значи "Слоновско Место". Причината за ова е тоа што Питермарицбург се смета за место каде што некој зулуски крал извојувал победа, а "слон" (Inhlovu) е име со коешто биле нарекувани зулуските монарси.

Историски настани уреди

  • Првиот весник во Натал - "Наталски Сведок" (сега познат само како "Сведокот") излегол во 1846 година.
  • 46-хектарската ботаничка градина била создадена во 1872 од ботаничкото друштво на Натал.
  • Градското собрание е најголемата зграда во јужната полутопка. Таа била уништена од пожар во 1895, но била повторно изградена во 1901.