Писателска блокада

Писателска блокада — феномен кој се случува кај писателите и се одликува со неволност или безидејност во нивната писателска дејност. Обично писателските блокади се случуваат по некој период на екстремна умствена креативна работа од страна на писателот, по која тој се чувствува „истрошен“ и неволен да продолжи со своето пишано дело.

Приказ на писателска блокада

Поимот „писателска блокада“ во некои јазици, па и во македонскиот, се употребува и да се означи период на некој човек во којшто тој привремено престанува да твори, без разлика дали е тоа пишано дело, музичко дело или друго.