Пет елементи (кинеска филозофија)


Портал:Таоизам


 

Во традиционалната кинеска филозофија, природните појави може да се класифицираат во „пет елементи“, „пет фази“, „пет движења“ или „пет чекори“.

Тоа се:

  • оган (, хуо)
  • вода (, шуеј)
  • дрво (, му)
  • метал (, ѓин)
  • земја (, ту).

Системот на петте елементи е користен за да ја објасни интеракцијата и врските меѓу феномените. Се употребува во разни полиња на кинеската мисла, вклучувјќи ги и фенг шуеј, кинеска астрологија, традиционална кинеска медицина, потоа во музиката, воената стратегија и борбените вештини.

Циклуси уреди

Доктрината на петте фази во себе содржи два циклуса: создавање и уништување. Тоа се циклусите на балансирање, кои претставуваат јин и јанг – премин на енергијата од добро во зло.

 
Циклусите на создавање и на уништување
 
Взаемното дејство на Петте елементи

Создавање уреди

Најлесно се памтат на следниов начин:

  • Дрвото го храни Огнот;
  • Огнот создава Земја (пепел);
  • Земјата го раѓа Металот (рудници);
  • Металот ја држи водата (како кофа или чаша);
  • Водата го храни Дрвото.

Уништување уреди

  • Дрвото ја распарчува Земјата;
  • Земјата ја впива Водата;
  • Водата го гасне Огнот;
  • Огнот го топи Металот;
  • Металот го сече Дрвото.

Космологијата и фенг шуеј уреди

Според теоријата на Ву сјинг, структурата на вселената ги одразува петте елементи. Секој елемент има серија од сложени асоцијации, што може да се види во подолната табела. Во кинеската вештина позната како фенг шуеј, целиот систем се сведува на уметноста на користењето на петте елементи. Со овие елементи се поврзуваат боите, сезоните и формите.[1]

Елемент Дрво Оган Земја Метал Вода
Боја зелена црвена жолта, кафеава бела, сребрена, златна црна, сина
Правец исток, југоисток југ југозапад, североисток, центар запад, северозапад север
Небесно животно Зелен Змеј Феникс Жолт Змеј Бел Тигар Црна Желка
Поларитет мал јанг голем јанг јин/јанг баланс мал јин голем јин
Сезона пролет лето меѓусезона есен зима
Форма правоаголна триаголник квадрат, коцка топка, сфера брановидна, асиметрична

Космологијата и И Чинг уреди

Петте елементи се исто така во корелација со осумте основни тријаграми од И Чинг:

Елемент Meтaл Земја Дрво Дрво Вода Оган Земја Meтaл
И Чинг Небо Земја Гром Ветар Вода Оган Планина Езеро
Триаграми

Кинеска медицина уреди

Меѓузависноста на органите во телото е забележано дека е круг на петте елементи. На пример, црниот дроб (фаза на Дрво) се вели дека е „мајка“ на срцето (фаза на Оган), а бубрезите (фаза на Вода) се мајка на црниот дроб. Клучната забелешка е дека проблеми со бубрезите предизвикуваат и проблем со црниот дроб. Во ваков случај „мајката“ е слаба и не може да го поддржи детето.

Многу од ваквите меѓузависности во денешни времиња се познати како физиолошки болести. Клучната работа која треба да се има на ум во врска со кинеската медицинска употреба на петте елементи е дека ова е само модел.

Други употреби на петте елементи уреди

Кинеската астрологија се заснова врз интеракцијата на петте елементи со дванаесетте знака од кинескиот зодијак, кои заедно го оформуваат добро познатиот шеесет годишен циклус. Пример за некој што е роден во 1953 година, година на Змија. Бидејќи годината на раѓање завршува со бројот 3, а тој број се поврзува со елементот Вода, излегува дека тој некој е Водена Змија.

Петте елементи се користат при борбените вештини за да се опишат петте различни состојби на борба: разбивање (елемент Дрво), удирање (елемент Оган), вкрстување (елемент Земја), разделување (елемент Метал), дупчење (елемент Вода).

Поврзано уреди

Библиографија уреди

  • Feng Youlan (Yu-lan Fung), A History of Chinese Philosophy, volume 2, p. 13
  • Joseph Needham, Science and Civilization in China, volume 2, pp. 262–23
  • Maciocia, G. 2005, The Foundations of Chinese Medicine, 2nd edn, Elsevier Ltd., London

Белешки уреди

  1. Chinese Five Elements Chart Information on the Chinese Five Elements from Northern Shaolin Academy in Microsoft Excel 2003 Format

Надворешни врски уреди