Петроварадинска тврдина

Петроварадинската тврдина е тврдина која се наоѓа во градот Нови Сад, Србија, во населбата Петроварадин на десниот тек од реката Дунав. Денешната тврдина била изградена од страна на Австрија која владеела од 1692 до 1780 година, на местото на поранешна тврдина која била изградена во антчко време. Австријците оваа тврдина ја изградиле поради блискоста на границата со Османлиското Царство. Оваа место се нарекува и Гибралтар на Дунав[1][2][3].

Петроварадинска тврдина
Карта
Општи податоци
ГрадНови Сад
ЗемјаСрбија

Оваа тврдина постоела уште пред 4500 п.н.е., но според археолошките испитувања, се смета дека било и уште порано. По неолитската доба, оваа тврдина била населувана од страна на многу племиња и народи. Така во околу 100 п.н.е. овде се населиле Келтите, за да подоцна таа биде освоена од страна на Римското Царство. Во 5 век, Хуните ја разрушиле тврдината, за да Византија подоцна повторно ја обнови. Во 8 век, се населиле и католички монаси, кои по дозвола на унгарскиот крал Бела IV изградиле манастир. По наближувањето на Османлиите кон тврдината, ова место добивало сè поголемо значење. Овде, во 1463 година бил потпишан договор помеѓу Венеција и Кралство Унгарија за одбрана на овие територии од Османлиите. Во 1475 година, унгарскиот цар Матија Корвин донел одлука за покренување војна против Турците. Овој комплекс бил користен и од страна на унгарскиот цар Стефан Владислав II, кој настојувал да ја обнови тврдината. Тоа му успеало на надбискупот Петар Варади во 1501 година.

Во почетокот на 1525 година, во тврдината имало 1000 коњаници и 500 пешадиски војници, а кон крајот на истта година тој број се зголемил на околу 4000. Со тврдината управувал Павле Тимори, кој барал бројот на неговата армија да биде уште повеќе зголемен. Наместо помош од Лајош II, тој добил наредба да целата армија биде префрлена на левата страна од река Дунав. На 13 јули 1526 година, пред ѕидините на тврдината пристигнале Османлиите со околу 40.000 војска. Сулејман Величествениот со својата армија се упатил кон Илок. По две недели, Османлиите успеале да ја заземат целата тврдина. По договорот од Карловац, границата помеѓу Австрија и Османлиското Царство била повлеќена кон Срем, и тврдината во тој момент не била од големо стратегиско значење. Во следните години, тврдината не била обновена долго време. Тоа се случило во 1753 година, кога комплексот во голем степен бил променет. Конечно, нејзината обнова завршила во 1790 година.

По Првата светска војна, тврдината влегла во составот на СХС. Тогашниот врв одлучил тврдината да биде целосно срушена поради фактот што целосно ја изгубила својата функција и намена. Сепак тврдината не била во целост срушена. За време на Втората светска војна, во околината на тврдината биле изградени бункери. Во 1941 година, таа влегла во составот на Независна Држава Хрватска. По војната, во 1944 година таа била заземена од страна на партизанските сили на Југославија.

Наводи уреди

  1. Seguljev, Nenad; Pavlovic, Aleksandar; Wattles, Phillip. „Petrovaradin fortress – 'Gibraltar on the Danube'. Fortress Study Group. Архивирано од изворникот на 3 September 2009. Посетено на 26 July 2017.
  2. Mitchell, Laurence (2013). Serbia (4. изд.). Chalfont St. Peter, Buckinghamshire, UK: Bradt Travel Guides. ISBN 9781841624631. OCLC 879348698. Посетено на 26 July 2017.
  3. VisitSerbia.org (2010). „Petrovaradin fortress“. Visit Novi Sad. Архивирано од изворникот на 2017-08-01. Посетено на 26 July 2017.