Перница или зглавје — мала и најчесто мека подлога за спиење која се користи за потпирање на главата. Порано, перниците најчесто биле исполнети со волна или пердуви, но денес најчесто се користат синтетички материјали за изработка на истата. Покрај основната функција, перницата може да послужи и за потпирање на телото при седење, но има и перници за декоративни и естетски цели.

Обична перница.

Поделба на перниците уреди

Перниците се делат на три категории:

  1. перници за спиење
  2. ортопедски перници
  3. декоративни перници

Перницата како тема во уметноста и во популарната култура уреди

Поврзано уреди

  1. Оливера Ќорвезироска, Две перници. Скопје: Три, 2010, стр. 7-27.
  2. YouTube, Bajaga - Sa druge strane jastuka (пристапено на 22.10.2019)