Первазкласичен архитектонски елемент, надградба од ѕидни украси и појаси што лежи хоризонтално над столбовите, врз нивните капители. Первазот се дели на архитрав, потпорниот член што оди од столб до столб или ѕид, делот веднаш над столбот; фризот, некалапен појас што може, но не мора да биде украсен; и корниз, издадениот заштитен член.

Дорски перваз
Јонски перваз
Коринтски перваз

Дорскиот перваз е прилично едонставен. Архитравот, најдолниот појас, е поделен, од горе надолу, на гути, регули и тении.

На первазот доминираат триглифи, вертикално поставени таблички, разделени со метопи, кои може, но не мора да бидат украсени. Триглифите лежат врз тенијата, рамно, тенко хоризонтално издание, и при дното завршуваат со (често украсни) декорации налик на капки, наречени гути, кои му припаѓаат на врвот на архитравот. Врвот на триглифите се среѓаваат со изданието на корнизот од первазот. Ова издание оздола е украсено со мутули, таблици кои на себе имаат гути.

Корнизот пак, се дели на софит, корона и камациум. Софитот едноставно е изложена долна страна. Короната и кимациумот се главните делови на корнизот.

Јонскиот перваз како додаток има фасции во архитравот, кои се рамни хоризнонтални изданија, и дентили под корнизот, кои се заповидни квадратни блок-ѕидни украси.

Коринскиот ред, има многу поукрасен фриз, поделен, од долу нагоре, на кима реверса, дентили, овул, модиљони, фасции, и кима ректа. Модиљоните се украсени потпирачи, по употреба слични на дентилите, но често во облик на матрунови листови (аканти).

Фризот понекогаш се испушта - како на пример, на портикот каријатиди на Еректеонот - и веројантно не постоел како градва кај храмота на Дијана во Ефес. Него не го наоѓаме ни кај Ликијските гробници, кои се репродукции со карпи на дрвени градби засновани на рани јонски дела. Превазотм во принцип претставува еволуција на примитивниот надвратник, кој се протега меѓу два дирека, крепејки ги краевите на покривните чатми.

Структурата на первазот варира кај овие три класични редови, Дорскиот, Јонскиот|Јонскиот и Коринтскиот. Кај секој од нив, пропорциите на посебните елементи (архитравот, фризот, корнизот) се дефинирани според пропорцијата на столбот кај тој ред. Кај римските и ренесансните интерпретации, тој изнесува некаде ¼ од висината на столбот.

Первазот заедно со столбовите како целина се наоѓа ретко вон класичната архитектура. Меѓутоа, первазот понекогаш се користи како заврпница на горен дел од ѕид, каде нема столбови, а во случај на пиластри (псевдо-столбови делумно издадени од ѕид) или споени столбови, понекогаш го наоѓаме нареден околу нив. Употребата на превази во случаи на згради без столбови започнува со ренесансата.

Извори уреди

  •   Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)
  •   Оваа статија содржи текст од дело сега во јавна сопственостHerbermann, Charles, уред. (1913). Catholic Encyclopedia. Robert Appleton Company. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)

Поврзано уреди