Пепелник — сад во кој пушачите ставаат пепел и отпушоци од цигари, пури и сл.

Пепелник со запалена цигара

Многу пепелници имаат три засеци, од кои два се за цигари и еден за пури. Овие служат како лежишта за цигарите или пурите додека сѐ уште горат. Наједноставниот и најчестиот облик на пепелник е плиток цилиндар.

Меѓутоа ова не е единствениот дизајн за пепелници: бидејќи тие се широко распоростанета покуќнина, дизајните се најразновидни и понекогаш кичести. Други варијанти се автомобилски пепелници, како и оние во тоалети и други јавни места, поставени од општините за задржување на чистотата на градовите. Во Шпанија, некои пепелници се состојат од два дела кои се вклопуваат, каде долниот се полни со вода за гаснење на цигарата и пригушување на мирисот.

Пепелниците обично се прават од стакло, камен, керамика, порцелан или метали како сребро, злато и алуминиум; меѓутоа има и такви направени од дрво, мермер и глина.

На некои пепелници стои логото на некоја фирма и тие служат за репрезентација.

За време на 1950-тите и 1960-тите, на масите се поставувале мали лични пепелници на горната десна страна од секој гостин, зад чашите за вино и вода.

Поврзано уреди