Пелопонез (грчки: Πελοπόννησος) — голем полуостров и регион во Јужна Грција, и го формира делот на државата јужно од Коринтскиот Залив. Делови од него припаѓаат на три периферии; поголемиот дел од полуостровот припаѓа на периферијата Пелопонез, а мал дел на Западна Грција и Атика.

Сообраќајна карта на Пелопонез, 2007

Префектури уреди

Географија уреди

Полуостровот има површина од 21.549 км2 и е најјужниот дел од грчкото копно. Со прокопувањето на Коринтскиот Канал во 1893, Пелопонез всушност во целост бил издвоен од копното, и може да се смета за остров. Тој има две врски со копното, една преку вливот на Коринт, и една преку мостот Рио-Андирио, изграден во 2004.

Внатрешноста на полуостровот е планинска. Две групи на острови лежат во близина на крајбрежјето: Арго-Саронските Острови на исток и Јонските Острови на запад.

Надворешни врски уреди

37°20′59″N 22°21′08″E / 37.34972° СГШ; 22.35222° ИГД / 37.34972; 22.35222