Паркот Мементо е музеј под отворено небо во Будимпешта, посветен на монументалните статуи од комунистичкиот период на Унгарија (1949–1989). Има статуи на Ленин, Маркс и Енгелс, како и на неколку од унгарските комунистички водачи. Паркот го дизајнирал унгарскиот архитект Акош Елеод, кој бил победник на конкурсот објавен од Собранието на градот Будимпешта во 1991 година. Според него: „Овој парк е за диктатурата. Ама истовремено, бидејќи за него смее да се зборува, да се опишува, да се гради, овој парк е за демократијата. После сè, само демократијата може да даде можности да размислуваме слободно за диктатурата.“

Мементо Парк
Главниот влез со Ленин, Маркс и Енгелс
Карта
ВидУрбан парк
МестоБудимпешта, Унгарија
Создаден1993
Учесници во „Тура црвена ѕвезда“ во Паркот Мементо

Историја уреди

По падот на комунистичкиот режим во Унгарија во 1989 година, многу од комунистичките статуи и споменици биле веднаш отстранети. Тие ја оформија основата за сегашната збирка во паркот на статуи. Паркот бил отворен како јавен музеј на отворено на 29 јуни 1993 година, на втората годишница од повлекувањето на советските трупи од унгарска територија.

Галерија уреди

Надворешни врски уреди

47°25′34.80″N 18°59′56.15″E / 47.4263333° СГШ; 18.9989306° ИГД / 47.4263333; 18.9989306