Папка (информатика)

Папка или директориум (англ. directory tree) — начин на хиерархиско прикажување на структурата на содржината од дискот. Основниот директориум (англ. root directory) се појавува на почетокот на екранот, а потоа од него во форма на стебло и гранки се прикажани директориумите и поддиректориумите. Дрво на директориуми претставува организациска целост од имиња на фајлови, нивната големина, датумот и времето на последното запишување, сместени на еден диск.

Графички приказ на организација на датотека
Типична икона на папка