Пантеон (од старогрчки: Πάνθειον, „храм на сите богови“, од πανθείος, „себоговски“) — збир на сите богови во една политеистичка религија или митологија.

Илустрација на разни божества поврзани со политеистички пантеони од Пантеонот - или прекрасна историја на незнабожечките богови, божици, херои итн. Вилијам Кук.

Макс Вебер, во неговата книга „Економија и општество“ (1922) ја обработува врската помеѓу пантеонот на богови и монотеизмот.

Пантеон може да значи и храм или свет објект посветен на сите богови на некоја религија. Најпознатото вакво здание е Пантеонот во Рим, изграден во 27 г.п.н.е. во чест на римските богови. По падот на Римското Царство бил преуреден во христијанска црква.

Поединечни пантеони уреди

Фигуративна употреба уреди

Започнувајќи со XVI век зборот се употребува и во нерелигиозна смисла, со значење збир од возвишени великани. Зграда во која се чуваат земните останки на знаменити луѓе. [1]

Наводи уреди

Литература уреди

  • Wrigley, Richard & Craske, Matthew (2004), Pantheons transformations of a monumental idea. Ashgate Publishing, Ltd., ISBN 0-7546-0808-5.