Палата на парламентот

Палатата на парламентот (романски:Palatul Parlamentului) е зграда во Букурешт во која се наоѓа парламентот на Романија. По Пентагон, овој објект е најголемата административна зграда во светот. Била изградена во времето на комунистичкиот диктатор Николае Чаушеску во 1984 година.

Палатата на парламентот
Palatul Parlamentului
Карта
Општи податоци
СтилКомбинација од многу архитектурни стилови
ГрадБукурешт
ЗемјаРоманија
Почната25 јуни 1983
Технички податоци
Големина270 м должина, 240 м ширина, 86 м височина и 92 м внатрешно под земјата.
1,100 соби
Проектирање и изградба
АрхитектАнка Петреску

Во почетокот била нарекувана Дом на републиката. За нејзиното конструирање биле задолжени околу 700 архитекти и 20 000 работници. Се проценува дека градбата на палатата чинела околу 3,3 милијарди долари. По падот на комунизмот се сметало дека и самата зграда треба да биде разрушена, но во крајна сметка новата демократска власт отстапила од тоа.

До ден денес, зградата сѐ уште не е довршена целосно. Таа е со димензии од: 270 м должина, 240 м ширина, 86 м височина и 92 м внатрешно под земјата. Најголемиот ходник е долг 150 метри, а најголемата сала зафаќа површина од 2 200 м2.

Надворешни врски уреди

Координати: 44°25′39″N 26°5′15″E / 44.42750° СГШ; 26.08750° ИГД / 44.42750; 26.08750