Пакинскиот Атол е мал атол кој се наоѓа северозападно од брегот на сојузната држава Понпеј во Микронезија. Заедно со атолот Ант ги сочинуваат Сењавиновите Острови.[1] Пакин има население од 90 до 100 жители. Заедницата има традиционално водство признато под името „Сојуз на заедницата Пакин“ (Pakin Community Association). На Пакин има основно училиште и католичка црква. Најголем остров на атолот е Никахлап, а покрај него населени се и Паинпвел, Весетик, Мванид и Оламвин. Атолот е познат по нуркањето.

Сателитска снимка на Пакин.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Bendure, G. & Friary, N. (1988) Micronesia:A travel survival kit. South Yarra, VIC: Lonely Planet

Координати: 7°03′32″ N; 157°48′18″ E / 7.059° СГШ; 157.805° ИГД / 7.059; 157.805