Оскар Рибеиро де Алмеида Нимаер Соарес Фиљо (15 декември 1907, Рио де Жанеиро - 5 декември 2012, Рио де Жанеиро) бил бразилски архитект, кој се смета за еден од најзначајните претставници на меѓународната модерна архитектура. Тој е еден од пионерите во истражувањето на можностите за искористување на армираниот бетон на естетски план.

Оскар Нимаер
Роден(а)15 декември 1907
Рио де Жанеиро, Бразил
Починал(а)5 декември 2012
Рио де Жанеиро, Бразил
НационалностБразилец
ЗданијаБразилија (урбанизам)

Неговите градби се одликуваат со тоа што се пространи и оголени, со мешавина на волуменот и слободниот простор за да се создадат оригинални декорации, кои често се потпрени на пилотис. И критичарите и оние што го фалат го сметаат за „вајар на споменици“ [1]. Тој е возвишен до тој степен што се смета за еден од најголемите архитекти на неговата генерација од неговите поддржувачи [2] и е обвинет за наивен, лекомислен, па дури и недоволно добар за звањето „архитект“ од страна на неговите критичари, кои иронично го нарекуваат „официјален архитект“, бидејќи има голем престиж меѓу политичарите [3]. Меѓу многуте познати дела, Нимаер работел и на подигнувањето на многу јавни дела во Бразилија, градби коишто се дел од светското културно наследство на УНЕСКО, зградата на седиштето на ООН во Њујорк итн.

Рани години уреди

 
Фотографија на Оскар Нимаер од 1917

Оскар Нимаер се родил во Рио де Жанеиро во 1907 во квартот Ларанжеирас, на улицата која подоцна го добила името на неговиот дедо Рибеиро де Алмеида. Тој својата младост ја поминал како секој останат млад Кариока во тоа време: боем и релативно незагрижен за својата иднина. Своето средно образование го завршил на 21 година. Истата година, се омажил со Анита Балдо, ќерка на италијански доселеници од Падова. Бракот му влеал чувство за одговорност, па Оскар се решил да работи и се запишал на факултет.

Оскар започнал да работи на типографската куќа на неговиот татко и се запишал на Училиштето за убави уметности, на кое дипломирал како архитект инженер во 1934. Во тоа време имал финансиски потешкотии, но одлучил да работи без додаток во архитектската работилница на Лучио Коста и Карлос Леао. Бил незадоволен од градбите коишто ги гледал по улиците и чувствувал дека може да ја започне својата кариера, обидувајќи се да направи подобри, кои ќе ги разубават улиците.

Во 1945, веќе како архитект, Нимаер се вклучил во Комунистичката партија на Бразил, а во 1992 станал нејзин претседател. Нимаер бил момче во времето на Руската револуција, а за време на Втората светска војна бил млад иеалист. Тој сè уште е ентузијастички комунист, положба која многу го чинела во изминатиот живот. За време на воената диктатура во Бразил неговата канцеларија била нападната, а тој избегал во Европа. Министерот за воздухопловство изјавил дека „комунистичкиот архитект е во Москва.“ Оскар бил во СССР, се сретнал со различните социјалистички водачи и станал личен пријател со некои од нив. Фидел Кастро еднаш рекол: „Јас и Нимаер сме последните комунисти на светот.“[4]

Првите дела уреди

Во 1936, Лучио Коста бил избран од страна на министерот за образование Густаво Капанема за архитект одговорен за изградбата на новото седиште на министерството за образование и јавна безбедност во Рио де Жанеиро. Во 1939, Нимаер ја презел одговорноста да раководи со групата архитекти (Лучио Коста, Карлос Леао, Алфонсо Едуарто Реиди, Жорге Мореира, Ернани Васконселос и Ле Корбизје како стручен советник) одговорна за зградата на министерството, која имала за цел да ја оствари задачата ‘novo homem, Brasileiro e moderno’ (нов човек, Бразилијанец и современ).

По молба на Нимаер, градбата била именувана Паласио Густаво Капанема во 1985. Тоа бил првиот современ облакодер, чија изграднба била помогната од страна на државата во светот и сигурно најголемата градба во чијашто изградба учествувал Ле Корбизје. Изградбата на објектот завршила во 1943. Градбата која придонела за проширување на бразилското културно наследство ги содржела сите елементи за она што било сметано за Бразилско модернистичко движење. Тоа содржело локални материјали и техники, како азулежу кое е поврзано со ортугалската традиција; револуционерното Корбизјеово brise soleil, прилагодено и поврзано со Муришовите уреди за сенчање од колонијалната архитектура; силните бои; тропските градини на Робертоп Бурле Маркс; Кралската палма (Roystonea oleracea), позната како бразилски ред; поддалечните наговестувања на иконите на бразилскиот пејзаж; и специјално овластените дела на бразилските уметници.

Во 1939, Оскар Нимаер и Лучио Коста го конструирале бразилскиот павилјон на Светскиот саем во Њујорк (изградено со помош на Паул Лестер Винер). Импресиониран од изградбата на павилјонот, градоначалникот Фјорело ла Гвардија го одликувал Нимаер со клучевите на градот Њујорк. Коста објаснил дека бразилскиот павилјон усвоил јазик на „љубезноста и елеганцијата“, светлината и просторната ликвидност, отворениот план, кривите и слободни ѕидини, кои ги нарекол „јонски“, силно одразувајќи се на современата архитектура, коишто ги нарекол „дорски“. Од средината на XX век, бразилскиот ахитектонски модернизам бил наречен „прв национален стил во современата архитектура“ (Рејнер Бахнам). Меѓународните архитектонски периоди во 1940-тите и 1950-тите биле посветени на страници на од «избраната земја на најоригинална и најсмела современа архитектура», проследени со поединечните монографии на архитектите како Оскар Нимаер и Алфонсо Едуардо Реиди.

Дела уреди

Проект Пампуља уреди

Во 1940 Нимаер се сретнал со Жуселино Кубичек, кој во тоа време бил градоначалник на Бело Хоризонте, главниот град на сојузната држава Минаш Жераис. Тој и претседателот на Минаш Жераис сакале да се изгради ново предградие во северниот дел од градот, наречено Пампуља, а Нимаер бил назначен да конструира неколку објекти, познати како „комплекс Пампуља“. Првиот современ бразилски споменик била Нимаеровата црква во Пампуља, именувана по светецот Сао Франциско де Ашис, која била канонизирана во 1943, една година по завршувањето на нејзината изградба. Комплексот Пампуља вклучувал казино, слаа за танцување и ресторан, клуб за јахти, клуб за играње голф и хотел со 100 соби, кој сè уште не бил изграден, акој се простирал покрај вештачко езеро. Покрај езерото исто така била конструирана и викендичка за градоначакникот.

 
Црквата Сао Франциско де Ашис во Бело Хоризонте, Минаш Жераис, Бразил [5]

Изградбата на објектите била завршена во 1943, но повлекла и контроверзи. Објжектие биле меѓународно признаени за време на изложбата на „бразилски градби“ во 1943 во музејот на современа уметност во Њујорк. Конзервативците кои имале авторитет во Минаш Жераис одбиле да ја осветат црквата пред 1959, делумно бидејќи ја немала правоверната форма и делумно поради олтарната фреска, која ја насликал Кандидо Портинари. фреската го опишува Светиот Франциско де Ашис како спасител на болните, сиромашните и најважно грешните.

Како што вели Нимаер, Пампуља му ја понудила можноста „да ја предизвика монотоноста на современата архитектура, бранот на погрешниот функциопнализам и догмите во формата и функцијата во којашто се јавувале, напаѓајќи ја пластичната слобода која била вклучена како силно поврзана.“

„Јас бев воодушевен од кривата — ослободена, страстна крива препорачана од можностите за нови технологии, честоименувани во пречесни стари барокни цркви. (...) Непромислено го запоставив правиот агол и рационалната архитектура конструирана со линијар и квадрат за силно да влезам во светот на кривите и правите линии кои се силно поврзани. (...) Ова го проценува протестот којшто се појави од околината во којашто живеев, со белите плажи, старите барокни цркви и убавите жени.“ [6]

1940-ти и 1950-ти уреди

 
Колеџот Естадуал Сентрал во Бело Хоризонте бил проект на Оскар Нимаер

Во 1947, неговата светска слава била потврдена, кога Нимаер отпатувал во САД за да биде дел од меѓународниот тим , којшто работел на изградбата на објектот на седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Нимаеровата „шема 32“ била одобрена од страна на извршниот одбор, но најверојатно под притисок од Ле Корбизје, двајцата заедно се покориле на проектот 23/32 (развиен од страна на Бондијаски и Вајсман), којшто содржел комбинација на елементите од шемите на Нимаер и Ле Корбизје, но главно се темелел на шемата на Нимаер. Поради настојувањето на Ле Корбизје да остане вклучен во работата на проектот, концептот за изградба на објектот на седиштето на Обединетите нации (шема 23/32), бил одобрен од извршниот одбор и поминал пред директорите за планирање, Валас Харисон и Макс Абрамовиц. Претходната година, Нимаер допбил покана да предава на универзитетот Јеил, но за жал неговата виза била истечена. Во 1950, во САД од страна на Стамо Пападаки била издадена првата книга за работата на Оскар Нимаер. Во 1953, Нимаер бил избран за директор на одделот за дизајн при универзитетот Харвард. Но неговото пертседатеклство во комунистичката партија му наложувало дека не може да добие виза за престој во Соединетите држави.

Во Бразил, тој го коструирал паркот Ибирапуера во Сао Паоло (за прославата на јубилејот „400 години постоење на градот“) (1951), the објектот Копан (1953-1966) и објектот ЖК во Бело Хоризонте (1951). Од 1952 до 1953, тој работел на изградбата на сопствената куќа во Рио де Жанеиро, домот во Каноас (Casa das Canoas), несомнено негово домашно ремек-дело и во периодот од 1954-60, луксузна градба во Бело Хоризонте.

Изградбата на Бразилија уреди

 
Катедралата во Бразилија во хиперболоидна конструкција
 
Палатата на висорамнината во Бразилија
 
Палатата на зората во Бразилија
 
Палатата на странците во Бразилија
 
Националниот конгрес на Бразил во Бразилија

Во периодот од 1954-55, Нимаер го конструирал Музејот на современа уметност во Каракас (MAM Caracas). Како што вели тој, овој проект му дал нова насока во неговата работа, објаснувајќи го со изградбата на административните згради во Бразилија.

Тоа бил во домот во Каноас, во кој Жуселино Кубичек го посетил Нимаер едно септемвриско утро во 1956, скоро по неговото преземање на функцијата, претседател на Бразил. Додека се враќал во градот, политичарот „лакомо“ разгварал со архитектот за неговата смела шема:

„Јас ќе изградам нов главен град на земјата и сакам да ми помогнеш (...) Оскар, овој пат ние ќе го зизградиме новиот главен град на Бразил.“ [7].

Нимаер организирал натпревар за избор на местоположбата на Бразилија, новиот главен град, а на натпреварот победил негобиот стар пријател Лучио Коста. Нимаер ги конструирал градбите, Лучио го изработил планот за издигнување на градот.

Во педриод од неколку месеци, Нимаер конструирал голем број на административни, комерцијални и станбени овјекти. Меѓу нив била и палатата на претседателот (Palácio da Alvorada), зградата на главното претставништво, зградата на Националниот конгрес, катедралата Бразилија (хиперболоидна конструкција), згради на одделни министерства и др. објекти. Доколку се погледне одозгора, може да се види дека многу објекти во градот имаат елементи кои се повторуваат, што градот го прави целина. Катедралата Бразилија е особено убава, со нејзиниот разнообразен мнодерен симлоизам. Внатрешноста на објектот содржи ходник, во кој впечатлива е светлоста, која има светлосни ефекти во салата.

Зад конструкцијата на Бразилија лежи и идејата да се изгради нов град во централните неплодни подрачја на земјата, на растојание од повеќе стотини километри од најблискиот голем град. Целта на изумителт на идејата, Кубичек била и да се овозможи развој на националната индустрија, да се приближат оддалечените делови на земјата, да се обезбедат незаштитените региони и да се овозможи развој на регионите во кои главно се наоѓаат говедарските имоти (многу историчари ја споредуваат изградбата на Бразилија со американската колонизација на заопаднот брег). Оскар Нимаер и Лучио коста гоо искористиле ова за да го одредат урбаното планирање на градот: улици без сообраќај (Нимаер рекол дека е непочитување кон човекот како суштество да се губат 20 минути за патување од едно до друго место), приземјени градби со столбови и слободен простор кој овозможува соединување со природата.

Но, проектот имал и социјалистичка идеологија: во Бразилија сите станови биле во сопственост на владата, која ги издавала на вработените. Бразилија немала „благороднички“ квартови, што значи дека врвните министри и обичните работници живееле во исти услови и истии згради. Секако, многу од овие концепти биле променети од страна на идните претседатели, кои имале различни погледи. Градот бил конструиран и подигнат за само 4 години. По тоа, Нимаер бил предложен за шеф на архитектонскиот колеџ во рамките на универзитетот во Бразилија. Во 1963, Нимаер станал почесен член на американскиот институт на архитекти во САД, а истата година бил одликуван ис до Лениновата награда за мир.

 
Министерствата со неколку други Нимаерови градби, како Националниот конгрес, Катедралата, Националниот музеј и Националната библиотека, 2006

Оскар Нимаер и неговиот придонес во подгигнувањето на Бразилија се опишани во францускиот филм од 1964 Човекот од Рио (L'homme de Rio), во кој главната улога ја толкувал Жан-Пол Белмондо.

1960-ти уреди

Во 1964, откако бил поканет од Аба Хуши, градоначалникот на Хаифа, Израел за да ја планира изградбата на објектите во комплексот на универзитетот во Хаифа, Оскар се вратил во целосно нов Бразил. Во март, претседателот Жоао Гулар, кој го наследил Шаниио Квадрос во 1961, бил во воен судир. Генералот Кастело Бранко ја презел власта во земјата, што предизвикало диктатурата да остане сè до 1985.

Животот во прогонство и прекуокеанските проекти уреди

Левичарската позиција на Нимаер го чинела многу за време на воената диктатура. Неговата канцеларија бил за пуштена, седиштата на магацинот со кој раководел биле униптени, а неговите проекти мистериозно започувале, а клиентите набргу исчезнувале.

Во 1965, 200 професори, а меѓу нив и Нимаер, побарале помилување од универзитетот во Бразилија, како протест против владината постапка за универзитетите. Истата година, тој отпатувал во Франција за изложба, која се одржала во музејот Лувр.

Следната година, по отежнатото одвивање на неговата работа во Бразил, тој се преселил во Париз. Таму, тој започнал нова етапа од својот живот и својата работа. Во 1966, Оскар отпатувал во Триполи, Либан за да го кконструра Меѓународниот центар за постојани изложби[8]. Започнувањето на граѓанската војна во Либан за време на градежните активности овозможила, градбата да ја задржи својата целина.

Нимаер отворил канцелартија во Елисејските полиња и имал купувачи од различни земји, а особено од Алжир, каде меѓу другото го конструирал Константиновиот универзитет. Во Париз, тој го конструирал седиштето на француската комунистичка партија[9] и Палатата на борбата, а во Италија работел на изградбата на седиштето на издавачката компанија Мондадори. Во Фунчал на Мадејра, бил срушен хотел од 19. век, на чие место се изградило казино по цртите на Нимаер. Друга негова позната конструкција била џамијата Пенанг во Џорџтаун, главниот град на сојузната држава Пенанг, Малезија во 1970-тите.

Додека живеел во Париз, Нимаер започнал да конструира и мебел, кој го прозиведувала компанијата Mobilier International. Тој го конструирал неговото „лесно столче“ и „отоманската композиција“ од свиткан челик и кожа, кои биле произведени во огранчен број, за ограничен број на купуввачи. Во 1978, покрај ова столче, биле произведени и многу други нацрти, како двоколката „Рио“, којашто била произведена во Бразил од страна на јапонската компација Тендо, тогаш Tendo Brasileira. Лесните столчиња и отоманските биле изработени од дрво за мебел и биле испорачани до сите седишта на комунистичките партии во светот. Покрај убавата архитектура, неговите нацртите на мебел предизвикале убавина во Бразил, со формата во обилк на женско тело и ридовито на Рио де Жанеиро.

Од 1980-тите до денес уреди

 
Казино во Фунчал, Мадејра
 
Музејот на современа уметност во Нитерој
 
Музејот Оскар Нимаер во Куритиба, Бразил
 
Бразилскиот национален музеј во Бразилија
 
Општинската библиотека во центарот на градот

Воената диктатура завршила по 21 година, во 1985. Под власт на Жоао Фигуередо работите се измениле и бразилското општество повторно добило облици на демократија. Во ова време, Нимаер решил да се врати во својата земја. Овој период самиот го дефинирал како последна фаза од неговиот живот. Во истата декада, тој го конструирал меморијалот Жуселино Кубичек (1980), Пантеон (1985) и меморијалот Латинска Америка (1987), последната скулптура која ја претставува повредената рака на Исус, чијашто рака крвари во Средна и Јужна Америка.

Во 1988, Оскар Нимаер бил одликуван со Прицкеровата награда, заедно со американскиот архитект Гордон Баншафт.

Од 1992 до 1996, Нимаер бил претседател на Бразилската комунистичка партија. Во време веднаш по распадот на Советскиот Сојуз, кога се чинело дека е дојден крајот на идеологијата, Нимаер ја прифатил фиункцијата да раководи со партијата. Иако не бил активен политичар, неговиот лик помогн ал во опстојувањето на партијата за време на кризата. Тој бил сменет во 1996, а функцијата ја презел Зулеида Фариа де Мело, но Нимаер останал близок до партиските челници до денешно време.

Тој конструирал уште два значајни објекти во Бразилија: „Меморијат на домородното население“ [10] и воената катедрала [11].

Во 1996, Нимаер го направил она што многумина го сметаат за негово најголемо дело: Музејот на современа уметност во Нитерој (град во близина на Рио де Жанеиро). Градбата е изградена од камен, а нуди убав поглед на заливот Гванабара и градот Рио де Жанеиро. Критичарите велат дека музејот е толку егзотичен, така што уметнички ги отсликува деловите во позадина.

Во 2002 бил отворен Музејот Оскар Нимаер во Куритиба, Парана. Оваа градба, локално е позната како „Нимаерово око“.

Во 2003, од Нимаер било побарано да ја конструира галеријата Серпентин во Лондон.

На 10 декември 2004, Нимаер ја конструирал надгробната плоча на познатиот бразилски комунист Карлос Маригела, во Салвадор во североисточен Бразил, по повод 35 години од смртта на комунистот.

Во 2005, било одобрено спроведувањето на проектот насловен „Естетска наука, култура и уметност“ во Жоао Песоа, најисточната точка во Америка, на 34º 47' 38" ЗГД и 7º 9' 28" ЈГШ [12].

Во 2006, Нимаер ја повикал долгогодишната помошничка Вера Лусија Кабреира (родена во средната на 1940-тите) во неговиот стан во квартот Ипанема во Рио де Жанеиро, само еден месец откако го скршил колкот по незгоден пад.

 
Оскар Нимаер на својот 101. роденден

На 15 декември 2006, на својот 99. роденден, со задоцнување од околу 50 години, Бразилија добила две нови Нимаерови градби: Националниот музеј и Националната библиотека. Отворањето се случило на денот на неговиот 99. роденден. И двете градби се наоѓаат во „Епланада дос Министериос“, што претставува комплекс, веднаш до Нимаеровата катедрала.

Од 2007 па до денес, на над стогодишна возраст, Нимаер сè уште е вклучен во различни проекти, главно изработка на скулптури и преработка на стари дела, кои имаат карактер на значајно историско наследство. Тој моментно конструира статуа на тигар со отворена уста и статуа на човек кој со развеано знаме се бори против американската блокада врз Куба.

На неговиот 100. роденден, претседателот на Русија, Владимир Путин, го одликувал со Орденот за пријателство.

На 26 декември 2007, архитектонскиот критичар во весникот Њујорк Тајмс Николај Урусоф објавил статија во која се прашува како ваквите работи влијаат во старите години. Тој смета дека Музејот на совренема уметност во Нитерој е со значително помал квалитет од неговите претходни дела. Најзначајно е тоа што, тој наведува дека „најголемата закана за забележиртелната работа на г. Нимаер можеби не е развојниот булдожер или бесчувствителните градски планирачи, туку тој самиот себеси“. Всушност, тој смета дека некои од неговите иконски дела „се одмерени од сопствената рака на архитектот“. [13]

На 12 април 2008 започна спроведувањето на еден од најголемите Нимаерови проекти во Европра, во Астурија, Шпанија како благодарност за нагардата Принц од Астурија, која Нимаер ја примил во 1989 година. “Меѓународниот културен центар Оскар Нимаер“ (познат и како Сентро Нимаер) ќе се наоѓа во Авилес, Астурија (северна Шпанија). Овие градби самиот тој ги опишал како „големо отворено поле до сите мажи и жени во светот, голема ложа меѓу реката и античкиот град“ (“una gran plaza abierta a todos los hombres y mujeres del mundo, un gran palco de teatro sobre la ría y la ciudad vieja”).

Наводи уреди

  1. „Azure :: Niemeyer's Century“. Архивирано од изворникот на 2012-03-03. Посетено на 2009-05-02.
  2. Niemeyer, Gullar, F. Архивирано на 28 февруари 2009 г.(на португалски)
  3. 1989, OSCAR NIEMEYER NA BARRA FUNDA, EM SÃO PAULO, Guedes J. Архивирано на 11 април 2008 г.(на португалски)
  4. Фидел Кастро наглаува дека може да се повлече како водач на Куба
  5. Тридимензионална скица на црквата во Google Earth
  6. Niemeyer, Oscar, 2000, The Curves of Time: The Memoirs of Oscar Niemeyer (London: Phaidon), стр. 62 и 169-70.
  7. Niemeyer, Oscar, 2000a, The Curves of Time: The Memoirs of Oscar Niemeyer (London: Phaidon), стр. 70
  8. Biography Oscar Niemeyer, architect
  9. од седиштето на Комунистичката партија на франција[мртва врска]
  10. Меморијалот на домородното население во Бразилија
  11. Воената катедрала во Бразилија
  12. Скица на проектираните градби со проектот „Естетска наука, култура и уметност“ и фотографии од Жоао Бесоа Архивирано на 12 јануари 2011 г. (на португалски)
  13. Nicolai Ouroussoff (2007-12-26). „Even if His Own Work Isn't Broken, a Brazilian Architect Fixes It“. New York Times. Посетено на 2007-12-26.

Надворешни врски уреди

  Статијата „Оскар Нимаер“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).