Освојувачи на медали на Летните олимписки игри 1980

Во списокот на освојувачи на медали по земји на Летните олимписки игри 1980 се наведени сите земји-учеснички на игрите кои освоија медали. Најуспешна нација на игрите беше репрезентацијата на Советскиот Сојуз, која освоила 80 златни од вкупно 195 медали.

Список по земји уреди

 
Бронзен медал од игрите

Списокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата.

Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1   СССР (1980) 80 69 46 195
2   Источна Германија (1980) 47 37 42 126
3   Бугарија 8 16 17 41
4   Куба (1980) 8 7 5 20
5   Италија 8 3 4 15
6   Унгарија (1980) 7 10 15 32
7   Романија (1980) 6 6 13 25
8   Франција 6 5 3 14
9   Велика Британија 5 7 9 21
10   Полска (1980) 3 14 15 32
11   Шведска (1980) 3 3 6 12
12   Финска (1980) 3 1 4 8
13   Чехословачка (1980) 2 3 9 14
14   Југославија (1980) 2 3 4 9
15   Австралија 2 2 5 9
16   Данска 2 1 2 5
17   Бразил (1980) 2 0 2 4
17   Етиопија (1980) 2 0 2 4
19   Швајцарија 2 0 0 2
20   Шпанија 1 3 2 6
21   Австрија (1980) 1 2 1 4
22   Грција (1980) 1 0 2 3
23   Белгија 1 0 0 1
23   Индија (1980) 1 0 0 1
23   Зимбабве (1980) 1 0 0 1
26   Северна Кореја (1980) 0 3 2 5
27   Монголија (1980) 0 2 2 4
28   Танзанија (1980) 0 2 0 2
29   Мексико (1980) 0 1 3 4
30   Холандија 0 1 2 3
31   Ирска 0 1 1 2
32   Уганда (1980) 0 1 0 1
32   Венецуела (1980) 0 1 0 1
34   Јамајка (1980) 0 0 3 3
35   Гвајана (1980) 0 0 1 1
35   Либан (1980) 0 0 1 1
Вкупно 204 204 223 631

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди