Осака (јапонски: 大阪市, Осака-ши) — трет град по големина во Јапонија со околу 2,7 милиони жители. Историски, Осака е комерцијален центар на Јапонија и важи за еден од најголемите индустриски центри. Во срцето на подрачјето на Осака е -Кобе-Кјото, кои имаат околу 17,5 милиони жители. Во текот на денот од 9-17 часот станува втор град по големина , веднаш зад Токио.

Осака
大阪
Град
大阪市 · Град Осака
Miotsukushi
Местоположба на Осака во префектурата Осака.
Местоположба на Осака во префектурата Осака.
Координати: 34°42′N 135°30′E / 34.700° СГШ; 135.500° ИГД / 34.700; 135.500Координати: 34°42′N 135°30′E / 34.700° СГШ; 135.500° ИГД / 34.700; 135.500
Држава Јапонија
РегионКансај
ПрефектураОсака
Управа
 • ГрадоначалникКунио Хирамуцу
Површина
 • Вкупна222,30 км2 (8,580 ми2)
Население (1 септември 2010)
 • Вкупно2.668.113
 • Густина12.000/км2 (30,000/ми2)
Часовен појасЈСВ (UTC+9)
Тел. броеви06-6208-8181
Address1-3-20 Наканошима, Кита-ку, Осака-ши Осака-фу
530-8201
Мреж. местоГрад Осака

Стопанство уреди

Осака некогаш била стопански центар на Јапонија. Денес оваа улога ја пезел Токио. Но во последните 10 години многу големи компании ги преместуваат своите главни седиште во Токио и во Осака. Некои од поголемите компании со седиште во Осака се: Шарп, Панасоник, Даимару, Кансаи, Нова.

Историја уреди

Овој град во минатото се викал Нанива. Царот Котоку ја претворил Осака во престолнина. Будистичката секта Јодо Шиншу во 1496 направила утврдување околу својот храм во Осака.

Нобунага во 1576 започнал опсада врз тоа утврдување. Кога во 1580 по 4 години монасите го предале, храмот бил уништен, а Тојотоми Хидејоши на тоа место го гради познатиот Осачки замок. Денешното име го добива по Мејви периодот.

Аеродром уреди

Меѓународниот аеродром Кансаи е аеродром на правоаголен остров во Осачкиот Залив. Со тој остров се служат и Нара, Кобе и Кјото.

Галерија уреди