Орона (кирибатски: Orona), претходно познат како Хал Ајланд[1] — атол во Кирибатите. Атолот е дел од Островите Феникс и има вкупна површина од околу 3.9 км2. Во средината на атолот има лагуна која е длабока 15 до 20 метри. Лагуната е поврзана со океанот на неколку места, но само низ неколку може да се помине со мал брод. Најголемата точна на атолот е 9 метри надморска височина.[2] Иако низ минатото островот бил населен неколкупати,[2] денес Орона е ненаселен атол.

Сателитска снимка на Орона.
Карта на Островите Феникс.
Поглед кон Орона.

Историја уреди

На атолот Орона можат да се пронајдат докази дека во минатото тој бил населен. Во источниот дел од островот има камено марае, заедно со рушевини од засолништва, гробови и останати структури.[3]

Денес не е познати кој го „открил“ островот, но сепак се знае дека островот бил именуван по Исак Халм на 26 август 1840 година. Кога островот станал дел од независни Кирибати, името и официјално било променето во денешната форма. На 11 јули 1889 година Британците го зазеле островот. Во 1963 година населението било евакуирано поради поплави. Британските и американските тврдења за островот престанале со независноста на државата Кирибати.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. Kiribati Constitution of 12 July 1979
  2. 2,0 2,1 http://www.phoenixislands.org/orona.html Архивирано на 5 ноември 2008 г..
  3. http://www.janeresture.com/kiribati_phoenix_group/hull.htm Архивирано на 4 март 2016 г..

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди

4°30′S 172°10′W / 4.500° ЈГШ; 172.167° ЗГД / -4.500; -172.167