Ориентализам (книга)

Ориентализам (анг. Orientalism) е книга на Едвард Саид од 1978 г. која имала големо влијание на постколонијалните студии. Во книгата, Саид пишува дека „ориентализмот“ е констелација на погрешни претпоставки врз кои се темелат западните ставови кон Блискиот Исток. Ваквите дури и научни дела се оптоварени со „суптилни и сеопфатни евроцентрични предрасуди кон арабо-исламските народи и нивните култури“[1]. Тој сметал дека долгата традиција на романтизирани слики на Азија и Блискиот Исток во Западната култура служела како имплицитно оправдание за европските и американските колонијални и империјални амбиции. Саид со иста жестина се спротивставувал на практиката на арапските елити кои ги интернализирале (прифатиле и применувале) идеите на американските и британските колонијалисти за арапската култура.

Ориентализам
АвторЕдвард Саид
ЗемјаСАД
ЈазикАнглиски
Предмет(и)Ориентализам
ИздавачКниги на Пантеон
Издадена
1978
МедиумПечатено (Тврд покрив и Мек покрив)
Страници368
ISBN978-0-394-42814-7
OCLC4004102
950/.07/2
Клас. КБDS12 .S24 1979
Прием на амбасадорите во Дамаск (1511) ја прикажува „арапската култура“ на Сирија од 16 век како дел од „романтизираниот“ ориент
Досега, што се однесува на САД, би било само благо претерување да се изјави дека муслиманите и Арапите се гледаат или како добавувачи на нафта или како потенцијални терористи. Многу малку од деталите, човечката густина, страста на арапско-муслиманскиот живот се навлезени во свеста дури и на оние чија професија е да известуваат за Арапскиот свет. Наместо тоа имаме серија на груби, есенцијализирани карикатури на исламскиот свет претставени на начин што го прават тој свет ранлив за воена агресија[2].

Напомена: до почетокот на XIX век, односно до распадот на Отоманското Царство, под Близок Исток се сметал и голем дел од Балканот, кој ја вклучувал и Македонија.

Наводи уреди

  1. Keith Windschuttle, "Edward Said's "Orientalism revisited," The New Criterion January 17, 1999, accessed January 19, 1999.
  2. Edward W. Said, "Islam Through Western Eyes," Архивирано на 16 јуни 2009 г. The Nation April 26, 1980, first posted online January 1, 1998, accessed December 5, 2005.