Оран (арапски: وهران, Вахран), е град во северозападен Алжир со население од 700,000 жители, сместен на брегот на Средоземното Море. За време на француското владеење во Алжир, Оран бил префектура. Денес градот е седиште на провинцијата Оран (вилаја).

Поглед на Оран.

Оран бил основан во 10 век од мурските андалусиски трговци, но бил окупиран од Шпанците на чело со кардиналот Циснерос во 1509. Шпанското владеење траело до 1708, кога градот бил освоен од Отоманците. Шпанската власт била воспоставена повторно во 1732. Како и да е, вредноста на градот како трговско пристаниште се намалила, па затоа кралот Чарлс IV Шпански го продал градот на Турците. Отоманското владеење траело до 1831, кога Оран потпаднал под Франција.