Општина Росоман

Општина во Македонија

Општина Росоманопштина во централниот дел на Република Македонија. Градоначалник е Стојан Николов. Општинско седиште е селото Росоман. Создадена е со одделување од Општина Кавадарци во 1996 г. иако постоела како независна општина и во 1950-тите.

Општина Росоман
Општина
Знаме на Општина РосоманГрб на Општина Росоман
Карта
ДржаваМакедонија
СедиштеРосоман
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникСтојан Николов
Површина
 • Вкупна132,9 км2 (51,3 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно3.796
 • Густина29/км2 (74/ми2)
Часовен појасCET (UTC+01:00)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+043
Регистарски табличкиKA
Мреж. местоopstinarosoman.gov.mk
Карта на Општина Росоман со селските атари.
Демографска карта на Општина Росоман со селските атари.

Географија уреди

Росоман е една од помалите рурални општини и се наоѓа во средишниот дел на Македонија. Според апсолутната надморска височина, таа се вбројува во една од најниските општини во Македонија. Атарите на населбите се распространети во Росоманското Поле, односно во долното течение на Црна Река, која поминува точно низ средишниот дел на територијата на општината. Има правец на протегање североисток-југозапад. Од североисток се граничи со Општината Неготино, од исток, на југ и југоисток со Општината Кавадарци, од југозапад со Општината Чашка и од северозапад со Општината Градско. Низ општинското седиште Росоман поминува патниот правец Р-106 кој, преку Прилеп и Битола води за Охрид, а до сите населби постојат локални асфалтирани патишта кои водат за Скопје.

Демографија уреди

Општината Росоман се состои од 10 населби. Сите се низински, освен населбата Мрзен Ораовец, која се наоѓа на апсолутна надморска височина од 570 м.

Во општината живеат 4.141 жител, од кои 3.694 (89 %) се Македонци, 409 (10 %) се Срби итн. Густината на населеност изнесува 31 жит./км2, со што таа се вбројува во ретко населените општини во Македонија. Во споредба со 1994 година, бројот на жителите во општината е намален за 259 (5,9 %).

  • Вкупниот број на домаќинства изнесува 1.284, односно во секое домаќинство живат по 3,2 жители. Вкупниот број на станови изнесува 1.663, односно во секој стан живеат по 2,5 жители. Во централната населба Росоман живеат 2.554 жители, односно близу 62% од вкупното население во општината.[2]
Вероисповед Вкупно
православни 4.111
муслимани 6
католици 1
протестанти 0
останати 23
Јазик Вкупно
македонски 3.894
албански 0
турски 0
ромски 5
влашки 0
српски 215
бошњачки 0
останати 25

Самоуправа и политика уреди

Градоначалник на општина Росоман е Бранко Јанев од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[3] Советот на општина Росоман е составен од 9 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

 
  ВМРО-ДПМНЕ: 4 места
  СДСМ: 3 места
  НДМ: 1 место
  ЛЕВИЦА: 1 место

Култура и спорт уреди

Во Росоман има еден фудбалски клуб, „ФК Росоман 83“, којшто се натпреварува во Третата македонска лига.

Наводи уреди

  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
  3. „Заклучок за конечност на резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 3 декември 2017.

Надворешни врски уреди