Општина Конче

општина во југоисточна Македонија

Општина Кончерурална општина во Југоисточна Македонија. Центар на општината е селото Конче и во рамките на Општина Конче се уште 13 други населени места. Општината се наоѓа под падините на планината Серта, на околу 150 километри оддалеченост од главниот град Скопје, на автопатот Радовиш-Струмица. Општина Конче има вкупно население од 3,690 жители (2002) и вкупна површина од 233,05 км2. Населението на Општина Конче е воглавно Македонско, но има и мало турско малцинство. Актуелен градоначалник на Општина Конче е Златко Ристов од ВМРО-ДПМНЕ.

Општина Конче
Општина
Знаме на Општина КончеГрб на Општина Конче
Карта
ДржаваМакедонија
СедиштеКонче
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникЗлатко Ристов
Површина
 • Вкупна233,05 км2 (89,98 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно2.725
 • Густина12/км2 (30/ми2)
Часовен појасCET (UTC+01:00)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+032
Регистарски табличкиRA
Мреж. местоkonce.gov.mk
Карта на општина Конче со селските атари.

Историја уреди

Конче било средновековено гратче кое своите почетоци ги бележи како манастрирски комплекс, а во исто време и како црковно и управно седиште. Манастирската црква која е посветена на Свети Стефан датира од пред 1366 година. Црквата и манастирот ги изградил Никола Стајневиќ, војвода на цар Душан и цар Урош. Овој комплекс, посебно црквата по својата уметничка вредност зазема важно место во историјата на македонската средновековна култура. На манастирот во Конче во тој период му биле доделени во посед следниве села: Конче, Лубница, Трескавец, Суви Дол, Дедино, Ракитец, Сеништа, Костадинци, Негрофонти, Грков Дол и Свети Костадин.[2]

Средновековниот период во историјата на Радовиш и Радовишко се одликува со посебен растеж како градот така и на неговата околина, посебно на Конче. Тоа се гледа како во економската политичката и просветно-културната историја. Политичките односи биле поврзани и речиси идентични како и во другите области на Македонија. Мегутоа карактеристично е што Радовиш и Конче добиле посебно внимание во тие односи.Тоа се потврдува со вниманието што тогашните завојувачи на Македонија им го придавале на овие центри. Македонскиот народ успеал и натаму да го продолжи континуитетот на својата самобитна обособеност, зашто сведочи придонесот во просветно-културниот растеж на овој крај.[2]

Географија уреди

Општина Конче се наоѓа во Југоисточна Македонија, поточно на околу 150 километри оддалеченост од главниот град Скопје. Општината е дел од Радовишкиот регион, а статистички е дел од Југоисточниот Регион. Општината има вкупно население од 3,690 жители со густина на население од 15,17 жители на километар квадратен и вкупна површина од 233,05 км2. Центар на општината е селото Конче, по кое е добиено и името на општината. Во рамките на Општина Конче спаѓаат 14 села, и тоа: Габревци, Гарван, Горна Враштица, Горни Липовиќ, Дедино, Долна Враштица, Долни Липовиќ, Долни Радеш, Загорци, Конче, Лубница, Негреновци, Ракитец и Скоруша. Општина Конче се граничи со Општина Штип, Општина Неготино, Општина Демир Капија, Општина Валандово, Општина Струмица, Општина Василево и Општина Радовиш.[2]

Стопанство уреди

Промената на социјалните и економските услови, заокружувањето на пазарната економија, како и процесот на децентрализација придонеле локалните власти во општините Радовиш и Конче да започнат да ги истражуваат своите капацитети и можности за подобрување на локалниот и микрорегионалниот економски развој, притоа создавајки синтеза на урбаниот и руралниот сегмент. Од таа причина Општина Радовиш и Општина Конче потпишале Меморандум во кој ги определиле насоките на заедничкото функционирање во подрачјето на локалниот економски развој. Двете општини ја основале заедничката Канцеларија за локален економски развој. Општина Конче е општина каде земјоделството, сточарството, водостопанството и шумарството се значајни стопански гранки. Така, во општината има производство на тутун од типот „Јака“ и општината произведува 5% од вкупното производство на тутун во Македонија. Понатака, во општината има ловен и риболовен туризам, како и дрвната индустрија.[2]

Администрација уреди

Градоначалник на општина Конче е Златко Ристов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е избран на локалните избори од 2021 година за мандат од четири години.[3] Советот на општина Конче е составен од 9 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2021-2025 се:

 
  ВМРО-ДПМНЕ: 5 места
  СДСМ: 3 места
  ДПТ: 1 место

Демографија уреди

Како дел од Општина Конче се 11 населени места од кои 6 се активни, 3 се со многу мал број на жители , додека 2 села воопшто немаат жители. Вкупен број на жители во општината изнесува 3.536. Населението се занимава претежно со земјоделство. Според податоците заклучно со 2011 година, вкупниот број на ученици во Општина Конче во 2011 се зголемил за 6,5 % во однос на вкупниот број на ученици во 2007. Конче е втора општина по зголемувањето на вкупниот број на ученици.[4]

 
Демографска карта на општина Конче.

Според пописот од 2002 година, најголема етничка група биле Македонците, но во општината живее и турско население. Процентуално, етничките групи се застапени:[5]

Народ Вкупно Удел (%)
Македонци 3.009 85,11
Албанци 0 0,00
Турци 521 14,73
Роми 0 0,0
Власи 0 0,00
Срби 3 0,03
Бошњаци 0 0,00
останати 3 0,03

Според пописот од 2002 година, во општината се зборувале следниве јазици:[6][7]

Јазик Говорници
македонски 3007
турски 521
српски 6
останати 2

Според пописот од 2002 година, во општината биле застапени следниве религии:[6]

Вероисповед Вкупно
православни 3009
муслимани 521
останати 6

Знаменитости и културно наследство уреди

 
Црквата „Св. Стефан“
Црква „Св. Стефан“
Црквата Свети Стефан е средновековен македонски православен црковен христијански храм кој се наоѓа во селото Конче. Црквата се наоѓа во западниот дел на селото, во непосредна близина до училиштето Гоце Делчев. Изградена е во средновековието, поточно во 1366 година, во XIV век. Во минатото црквата била манастир со монаси и го носела името Света Богородица, по кое и денес е позната меѓу населението[8]. Ова име се поврзува и со чудесната икона на Света Богородица која сама се појавувала од Гевгелискиот крај во црквата.

Култура и спорт уреди

Во рамките на Општина Конче опстојува ФК Конче. Понатака, во општината се одржува традиционален турнир во мал фудбал за време на празникот на општина, 12 јули. Исто така, во општината опстојува женскиот фудбалски клуб „Спортски допири“. Од културниот живот, во Општина Конче опстојуваат следните културни здруженија ФА ,,Цветови“ од Дедино, КУД ,,Караџаоглан,“ од Конче и КУД ,, Македонски глас“ од Габревци.

Наводи уреди

  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Профил на Општина Конче“. Архивирано од изворникот на 2011-09-29. Посетено на 2011-08-17.
  3. „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.
  4. „Во основните училишта за 10 години дури 46.500 ученици помалку“. Архивирано од изворникот на 2020-10-25. Посетено на 2013-02-08.
  5. Попис на населението од 2002 година според новата територијална поделба од 2004
  6. 6,0 6,1 „Попис на население: јазик и религија“ (PDF). Посетено на 2011-08-17.
  7. „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
  8. Снегаров, Иван (София 1995). История на Охридската архиепископия-патриаршия. , т.II, Академично издателство "Марин Дринов", с. 479, ISBN 954-430-345-6. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди