Општествена хиерархија

Општествената хиерархија претставува општествена или функционална структура во вид на пирамида од повеќе нивоа и врв како централизација на моќта. Терминот може да се употреби и кога станува збор за животинските заедници, но во најчести случаи се претпочита терминот хиерархија на доминантност. Вообичаено,претпријатијата, црквите, војската, владата итн. имаат хиерархиска структура. Многу општествени критики вклучуваат испитување на општествените хиерархии, кои покажале дека општествените хиерархии се неправедни. На пример, со феминизмот честопати се расправа за хиерархија врз основа на полот, во која културата како супериорни во однос на жените и женските одлики ги смета мажите и машките одлики . Во овие рамки, некои ја критикуваат само хиерархијата во однос на “мажот” и “жената”, која е многу позначајна за општеството и е поврзана асиметрично. Во оваа смисла, како и во други општествени критики, терминот хиерархија вообичаено се употребува со значењето ’’хиерархија на моќта или структура на моќта’’. Феминистките не полемизираат за неживи предмети кои се хиерархиски подредени, а уште помалку за специфичната организација на нееднаквата вредност и моќ меѓу мажите и жените.

  • Автократија: Едно лице има целосна и апсолутна контрола врз другите. Автократијата уште е позната како деспотизам.
  • Монархизам: Кралот или кралицата имаат најголема контрола на моќта, но таа ја делат со други лица. Вообичаено моќта се наследува.На пример, во системот на наследство, најстариот син на кралот ќе стане крал, кога кралот ќе почине или ќе се откаже од престолот.
  • Олигархија: Политичката моќ ја стекнуваат неколку лица, кои вообичаено ја пренесуваат моќта преку системот на наследност.
  • Република: Граѓаните кои имаат право на глас избираат свои претставници, кои ќе предложуваат, создаваат и спроведуваат закони наместо нив.. Ова е познато како претставничка демократија или посредна демократија.
  • Непосредна демократија: Граѓаните непосредно гласаат при донесувањето на закони.
  • Анархизам: Непостоење на закони и на влада. Децентрализиран систем на пошироко учество на слободни здруженија и институции каде има отсуство на хиерархија
  • Плутократијa: Општество во кое моќта се распределува според богатството.

Овие термини попрецизно ги опишуваат моделите на владата отколку фактичките влади, а најреалните системи се комплексни комбинации на системите опишани погоре. На пример, САД е република. Меѓутоа, непосредната демократија се применува за одредени прашања и во одредени земји( види: референдум). Велика Британија и многу европски земји имаат монархии, но републиките или непосредните демократии де факто станаа пославни фигури отколку учесниците во политичката арена. Образованоста на Англо-Американците овозможи да се случи транзицијата од монархија во демократија во вториот милениум во Обединетото Кралство и САД. Се вели дека промената започнала со потпишувањето на Големата повелба во 1215 г. од страна на кралот Јован, а се забрзала благодарение на Законот за човекови права во Англија и Славната револуција во 17-от век. Во времето на Американската револуција во 1776год.во времето кога Обединетото Кралство технички беше монархија, многу историчари сметаат дека политичкиот систем на Обединетото Кралство бил еден од “најпрогресивните” системи во тоа време. Европските научници би дале поголем акцент на Ханзата, швајцарските кантони, италијанските градови-држави и исландиската непосредна демократија. Еден граѓанин-еден глас не беше реалност во многу “либерални демократии” сè до Втората светска војна, изборите во 1950 г. во Обединетото Кралство и граѓанските права за јужните држави во САД. После немирите меѓу Франција, САД и Холандија со другите земји во 1968 г. со демократизацијата на образовните институции се забележа јасно намалување на формалноста и на општественатата хиерархија. Демократските традиции се појавија независно во други делови на светот пред контактот со европската култура.

Класично разгледување уреди

Во аристократскиот свет во класична Европа п.н.е., филозофите како Платон и Аристотел не ја поврзуваат модерната рамноправна, хумананистичка идетификација на правдата со линерната општествена еднаквост. Како што нагласува британскиот филозоф Бертранд Русел: „под влијание на теоријата за демократија, ние почнавме да ја поврзуваме правдата со еднаквоста", а додека пак Платон нема такви импликации. Дефиницијата на Платон за правдата овозможува да постојат нееднаквости во однос на моќта и привилегијата без постоење на неправда. Туторите ја имаат целата моќ затоа што тие се најпаметните членови на заедницата.”[1] На сличен начин, Аристотел во неговата книга „Политика” расправа дека некои луѓе се одбележани со нивните вродени вредности за потчинување, а други по правило се одбележани со потчинетост, како што се луѓето кои по природа се робови. Аристотел тврди дека на некои луѓе, кои се природно инфериорни и материјалисти, им е подобро кога се контролирани од супериорни лица.

Распределба на богатство уреди

Распределбата на богатството честопати се користи како мерка за прогресивноста и социјалната правда во општеството. Џини коефициентот ја мери економската еднаквост во рамките на општеството. Развиените општества главно варираат меѓу 0.2 и 0.5 и притоа богатите земји како Данска се наоѓаат на најниското ниво,а сиромашните слободни пазари како САД се наоѓаат на највисоко ниво. Критиките за капитализмот го опишуваат капитализмот како систем каде што богатството се наоѓа во рацете на неколку луѓе т.е.буржоазијата која ги поседува средствата за производство и каде мнозинството луѓе т.е. пролетаријатот немаат ништо.Всушност, на капитализмот се гледа како неформална плутократија. Други аргументираат дека овој модел не може да биде точен затоа што човечкиот и културниот капитал се исто така важни при предвидувањето на моќта на поединецот, автономијата, моменталното богатство, а кои воедно подеднакво се распределуваат. Во развиениот свет, посебно во материјалистичките општества како САД и Јапонија, огромно богатство како на пример куќи, автомобили, електроника итн. е во приватна сопственост. Луѓето во овие општества се стремат високо да го проценат она што е во нивна сопственост и како резултат на тоа се задоволни со својата финансиска ситуација. За разлика од капиталистичките системи, кај социјалистичките системи богатството честопати се распределува од богатите на сиромашните со цел да се намали нееднаквоста, а кај коминистичките системи се распределува според потребата. Примери за општества кои се приближуваат до овие идеали се израелскиот кибутизам и анархистичкиот колектив нашпанската револуција. Карл Маркс тврди дека целта на пролетаријатот беше да го замени капиталистичкиот систем со социјализам менувајќи ги општествените врски кои се потпираат врз класниот систем и потоа да го развијат во идно комунистичко општество во кое: „ слободниот развој на секое лице е услов за слободен развој на сите.”( Коминистички манифест) Анархистите тврдат дека во нашето општество нееднаквостите вештачки се зголемени и нагласуваат дека луѓето во поголем дел од човечката историја живееле во многу рамноправни општества.Ноам Чомски верува дека мислењата за рамноправноста се „ наоѓаат под површина”.[2] , и ја споменува воената историја на работничките движења, теориите на Бакунин за “инстинктот на слободата”, развиениот принцип за преживување на Кропоткин и доказот на Марк Хаусер со кој се поддржува вродената и универзална морална способност,[3] со цел да ја објасни инкомаптибилноста на хиерархијата со одредени аспекти на човечката култура.[4] Од друга страна, некои социолози сметаат дека хиерархиската општествена стратификација е нормална и е својствена за сите општества. Социологот Пјер ван ден Бергх верува дека предоминантната либерална маркисистичка опсесија со линеарна еднаквост е дисфункционална: „Сите луѓе се создадени да бидат еднакви” е она што може да биде очигледна вистина за оптимистот кој ја потпиша Декларацијата за независност на САД, но тоа е во непосредната противречност со сите докази... Рамноправноста може да биде добра реторика, но е лоша социологија, а емпириски се рангира бесмислено.Хиерархискиот поредок е очигледен кај семејствата, најмалaта и најуниверзалната форма на човечка општествена организација.Социологот Џозеф Фихте тврди дека: „Желбите за целосна демократија или за совршена еднаквост меѓу луѓето не се научно издржани.” На сличен начин, претставувањето на идеалот на бескласните општества e нереално и невозможно." [5] Sociologist Joseph Fichter argues, "The aspiration for complete democracy or for perfect equality among people is without scientific validity. Similarly, the promotion of an ideal of a classless society is both unrealistic and impossible." [6]

Општествен статус уреди

Општествениот статус ја претставува севкупната способност на поединецот да го контролира влијанието на други луѓе и институции. За разлика од економскиот статус, општествениот статус не може баш да се изрази количински. Општествениот статус официјално се препознава преку поимите за рангот во општеството, религиската титула или преку академската титула, а неформално се препознава преку репутацијата и преку мислењето.

Наводи уреди

  1. A History of Western Philosophy, Simon and Schuster, 1972, p. 114.
  2. A Revolution is Just Below the Surface, Venezuela Analysis, Noah Chomsky interviewed by Eva Golinger, September 28 2007
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-06-03. Посетено на 2009-05-14.
  4. http://www.chomsky.info/interviews/20040714.htm Архивирано на 13 септември 2015 г.[2]
  5. Man in Society: A Biosocial View, New York: Elsevier, 1978, pp. 137-8
  6. Sociology, Chicago: Univ. of Chicago Press, 1957, p. 49

Поврзано уреди