Опсада на Виена (1529)

Опсада на Виена — прв обид на Османлиското Царство за освојување на австриската престолнина Виена, предводен од султанот Сулејман Величествениот. Опсадата претставува крајна точка на османлиската инвазија во Европа, бидејќи по битката бил ставен крај на османлиското проширување во Европа, иако во 1683 година имал уште еден обид за заземање на градот.

Опсада на Виена
Дел од Османлиско-хабсбуршки војни и Османлиски војни во Европа

Судирите меѓу Австријците и Турците надвор од Виена, 1529.
Датум 27 септември -14 октомври 1529
Место Виена, Австрија
Исход Османлиско повлекување
Завојувани страни
Австриско Царство Австрија, со Чеси,
Германци, и Шпанци
Османлиско Царство Отоманско Царство
Регион Молдавија Молдавија
Команданти и водачи
филип, Вилхем фон Рогендорф, Николас Сулејман I
Паргали Ибрахим Паша
Сила
23,000 [1]120,000 [2]
Жртви и загуби
Непознат, но се претпоставува дека имало голем број на цивилни жртви[3]14,000[4]

Позадина уреди

Во август 1526 година султанот Сулејман I го победил унгарскиот крал Лајош II во Мохачката битка. Како резултат на тоа, Османлиите ја освоиле јужна Унгарија, а Фердинанд I, брат на императорот на Светото Римско Царство Карло V, започнал да има претензии кон унгарскиот престол во име на својата сопруга Ана, сестра на Лајош II. Фердинанд сепак бил прогласен за крал само во западна Унгарија. Во Трансилванија, благородникот Јован Запола круната ја сакал за себе и така тој бил прогласен за крал од страна на Сулејман I. По одржаното собрание во Пресбург (Братислава) на 26 октомври 1526 година Фердинанд бил прогласен за крал. Тој тргнал во поход за да си ја врати контролата над Унгарија и Буда, но Османлиите направиле противнапад и до 1529 година му го поразуваат на двапати.

Патот кон Виена уреди

На 10 мај 1529 година, Сулејман I тргнал во поход од Цариград со цел да ја освои целосно Унгарија и да ја неутрализира заканата на Фердинанд и Светото Римско Царство. Сулејман I имал околу 120 000 војници, 500 топови и 20 000 товарни камили. Покрај спахии (лесна коњицата) и јаничари, армијата на Сулејман I вклучувала и голем број на Молдавци и Срби. Сулејман дејствувал како врховен командант и во април како голем везир го назначил поранешниот грчки роб Паргали Ибрахим Паша, за командант задолжен да дава наредби од името на султанот.

Сулејман походот го започнал на 10 мај 1529 година но се сретнал со големи пречки уште од самиот почеток. Пролетниот дожд, карактеристичен за Југоисточна Европа биле особено обилни таа година, предизвикувајќи поплави во Бугарија и правејќи делови од патот непреодни. Голем дел од топовите заглавувале во калта и требало да бидат оставени, а голем број камили умирале од долгиот пат. Сулејман пристигнал во Осиек на 6 август, а на 18 август го пречекале голем број на коњаници на Јован Запола, која му придала почит, приклучувајќи се на негова страна и помагајќи му во битките кај Мохач и Буда.

Опсада уреди

На 27 септември турската војска пристигнала во предградието на Виена. Долгиот пат ја чинела многу на Османлиското Царство бидејќи починале голем број на војници, животни и топови, а една третина од пристигнатите биле спахии, несоодветни за опсада на градот. Султанот испратил тројца богато облечени австриски затвореници да преговараат за предавање на градот, на кое не било позитивно одговорено. Османлиската артилерија од 300 топови по ова започнала со напад кон ѕидините на градот, но во секој случај нанела многу мали штети. Од друга страна пак и стрелците не успеале да постигнат некаков успех.

Со распоредувањето на турската армија, силите на Виена започнале со плановите на противнапад, при кое на 29 септември успеале да го заробат Ибрахим Паша. Австријците најмногу се плашеле од копењето на тунели кон градот. Тие во текот на опсадата откриле неколку тунели на Османлиите. На 6 октомври Никлас Граф Салман испратил 8.000 војници за да ги нападнат турските позиции кај Каринтската порта. Првично тој постигнал голем успех и им нанел големи загуби на Османлиите, но по неговото враќање тие биле прсретнети од голем број на турска војска по кое скоро сите христијани биле убиени. На 10 октомври огромна турска мина експлодирала кај црквата Света Клара, но и покрај напорот на јаничарите да влезат го градот преку големата дупка која била создадена, сепак тие биле сопрени и принудени во бегство.

На 11 октомври повторно заврнало дожд, по кое планот преку копење на тунели да се стигне до градот пропаднале. Започнале да се појавуваат и болести помеѓу османлиската армија, а незадоволството било присутно и кај јаничарите. Со оглед на ситуацијата, Сулејман започнал да размислува за повлекување. Тој закажал воен совет на 12 октомври, на кој се решавало дали треба да се направи последен напад, и притоа им било ветено дека ќе има дополнителни награди за војниците. Така, две експлозии повторно одекнале кај Каринтската порта, но Турците повторно не успеале да влезат во градот. На 14 октомври, бранителите започнале да ги слушаат пискотници од кампот на Турците. Тие доаѓале од убивањето на заложниците. Од овде се заклучило дека Османлиите ќе се повлечат. Во катедралата Свети Стефан била одржана литургија.

Последици уреди

Наводи уреди

  1. Turnbull says the garrison was "over 16,000 strong". The Ottoman Empire, p 50; Keegan and Wheatcroft suggest 17,000. Who's Who in Military History, p 283; Some estimates are just above 20,000, for example: "Together with Wilhelm von Roggendorf, the Marshal of Austria, Salm conducted the defense of Vienna with 16,000 regulars and 5,000 militia." Dupuy, Trevor, et al., The Encyclopedia of Military Biography, p 653.
  2. Turnbull suggests Suleiman had "perhaps 120,000" troops when he reached Osijek on 6 август. The Ottoman Empire, p 50; Christopher Duffy suggests "Suleiman led an army of 125,000 Turks". Siege Warfare: Fortresses in the Early Modern World 1494-1660, p 201. For higher estimates, see further note on Suleiman's troops.
  3. Turnbull, Stephen. The Ottoman Empire 1326 - 1699. New York: Osprey, 2003.pg 51
  4. Turnbull, Stephen. The Ottoman Empire 1326 - 1699. New York: Osprey, 2003. pg 51