Омилена (ТВ Серија)

Омилена (португалски: A Favorita) е драматична бразилска теленовела. Серијата во Бразил започна со прикажување на 2 јуни 2008 на местото на новелата Двојно лице. Успехот веќе се бележеше после првото прикажување, а доброто сценарио, терминот на прикажување и мега популарната глумска постава не е возможно серијата да не биде со добар рејтинг. Писател на сценариото е Жоао Емануел Карнеиро.

Омилена
Маријана Ксименез, во улогата на Лара.
Жанрдрама теленовела
Создадена одЖоао Емануел Карнеиро
УлогиПатрисија Пилар
Клаудија Раиа
Мурило Беницио
Маријана Шименез
Воведна темаTango embalado pelo, grupo mexicano Bajofondo
Земја на потеклоБразил
Првичен јазикпортугалски
Бр. на епизоди197 (бразилско население)
Производство
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаГлобо
Првично прикажување2 јуни 2008 – 16 јануари 2009
Хронологија
СледбеникПатот на Индијките (2009)
Надворешни врски
Мрежна страницаafavorita.globo.com

Синопсис уреди

Донатела и Флора, две пријателки што се претвораат во ривалки. Една од нив извршила злосторство и лаже во врска со тоа. Две верзии на иста приказна. Која ја кажува вистината? Донатела или Флора?

Донатела и Флора се пораснати заедно. Донатела ги изгубила родителите во несреќа и била посвоена од скромното семејство на Флора. Како деца, биле најдобри пријателки сè додека ги запознаваат Марсело и Доди, на кои ќе им станат девојки. Донатела се венчава со Марсело, син на моќниот Гонсало Фонтити, сопственик на индустрија за хартија и целулоза, додека Флора се венчава со Доди, човек кој се изборил од дното и кој работи во фирмата на таткото на негов пријател.

Среќата на Донатела и Марсело трае кратко. Првото дете им е киднапирано по шест месеци од раѓање и никогаш повторно не се појавува. Оттогаш, почнуваат често да се караат. Флора се разведува од Доди и има врска со Марсело. Таа останува бремена и раѓа девојче, Лара, што ја раскинува уште повеќе врската меѓу двете пријателки.

Марсело е убиен со три куршуми од пиштол кој подоцна се открива дека го држела Флора. Таа е затворена и разделена од ќерка си Лара, на тогашна возраст од три години. Флора е осудена на 18 години затвор како казна за злосторството. Донатела не ѝ простува на својата пријателка и ја одгледува Лара.

Осумнаесет години подоцна, Флора излегува од затвор и сака да ја докаже својата невиност обвинувајќи ја поранешната ѝ пријателка за злосторството. Донатела, пак, се плаши Флора да не ѝ се доближува на Лара, на која ѝ вели дека ја сака како да ѝ е вистинска ќерка. Но, Лара се интересира за караницата меѓу двете жени кои некогаш биле пријателки. Додека животната цел на Флора е да ѝ се доближи на ќерка си, Донатела ќе прави сè што може за да го спречи тоа.

Улоги уреди

Глумци Ликови
Патрисија Пилар Флора
Клаудија Раиа Донатела
Маријана Шименез Лара
Мурило Беницио Доди Фонтана
Мауро Мендонса Гонсало Фонтини
Глорија Менезес Ирене
Тарцисио Меира Копола
Кармо Дала Вечиа Зе Боб

Занимливости уреди

Надворешни врски уреди