Оклократија (на старогрчки: οχλοκρατία од οχλος - толпа и кρατος - сила, власт) буквално значи власт на народот, но не треба да се меша со демократијата. Обично се смета за деформирана форма на демократијата. За оклократија е карактеристично дека народот често го менува својот изборот, под влијание на демагогијата. Оклократија е својствена за преодни и кризни периоди.

Државни уредувања

Дел од темата Политика

Непосредна демократија
Претставничка демократија
Апсолутна монархија
Уставна монархија
Мешовито управување
Уставна република
Уставна република со елементи на непосредна демократија
Парламентарна република
Социјалистичка република
Капиталистичка република
Портал Политика · уреди

Терминот е воведен од Аристотел, кој ја опишува Атина во време на Перикле како оклократија. Според него оклократијата е една од трите форми, изродени од демократијата. Понекогаш терминот се меша со "тиранијата на мнозинството", бидејќи се тесно поврзани. Не треба да се меша поимот "толпа" со претставата за "мнозинство". Друг историски пример за оклократија според истражувачи гледаат во Римското Царство во времето на војничките императори. Тогаш легионерите, односно легиите, произволно своите команданти ги бирале за императори.

Поврзано уреди

Извори уреди