Огист Конт (француски: Auguste Comte, 19 јануари 1798 - 5 септември 1857) — француски филозоф и еден од основачите на социологијата и позитивизмот. Тој е одговорен за воведување на поимот алтруизам.[1]

Isidore Cullen Marie Tyler Auguste Christine-Renee François Xavier Olivia Griffin Comte
Роден(а)17 јануари 1798
Монпелие, Франција
Починал(а)септември 5, 1857(1857-09-05) (возр. 59)
Париз, Франција
ПериодФилозофија на XIX век
ПодрачјеЗападна филозофија
ШколаСоциологија
Позитивизам
Значајни идеи
Закон низ три етапи,
Енциклопедиски закон
Огист Конт (француски: Auguste Comte, 19 јануари 1798 - 5 септември 1857)

Живот уреди

Огист Конт се родил во Монпелие. Се запишал на студии за политехника во Париз кој во тоа време бил еден од најпрестижните и познат по приврзаноста кон идеалите на републиката и нејзиниот прогрес. Но, во 1816 училиштето било затворено поради реорганизација, па Конт се запишал на медицина во Монпелие, а кога политехничкото училиште повторно било отворено, тој не барал нов прием.

Со враќањето во Монпелие, Конт наишол на спротивставување со своето семејство кое било приврзано за католицизмот и монархијата. Поради тоа, повторно се вратил во Париз каде заработувал работејќи незначителни работи. Во август 1817, Конт станал ученик и секретар на грофот Сен Симон кој го внел во интелектуалното општество. Но, во 1824 година, Конт се разидува со Сен Симон поради неможноста да ги надминат нивните спротивставени размислувања.

Тогаш, Конт сфатил дека сака да работи на филозофскиот позитивизам. Тој план го издал во 1822, под наслов „План на научни прочувања на реорганизација на општеството“. Не станал академик, па преживувал од секојдневната помош на неговите спонзори и пријатели. Се оженил со Каролин Масен, но со неа се разделил во 1842. Во 1826, бил во болница за душевно болни. Од 1830 до 1842, го пишувал шестомното дело „Курс по позитивистичка филозофија“, а од 1851 до 1854 четиритомниот „Систем на политички позитивизам“.

Учење уреди

 
Мото -{Ordem e Progresso}- („Ред и прогрес“) на знамето на Бразил е запишано позитивистичкото мото на Огист Конт: {L'amour pour principe et l'ordre pour base; le progrès pour but} („Љубовта како принцип и редот како основа. Прогресот како цел“). Неколку луѓе кои извршиле државен удар во Бразил и го прогласиле за република биле следбеници на Конт

При своите научни учења, Огист Конт се сретнал со еден закон кој го нарекол закон на 3 фази: теолошка, метафизичка и научна. Последната научна фаза ја нарекол и позитивна фаза. Теолошката фаза од перспектива на француското општество во XIX век се сметала за претходник на просветителството и во која Бог го одредува местото на човекот во општеството. Метафизичката фаза воопшто не била поврзана со метафизиката на Аристотел, туку таа била заснована на Големата француска револуција од 1789 г. Оваа фаза вклучувала универзални права кои биле над авторитетот на кое било човечко суштество, иако за нив не може да се каже дека биле свети. За она што го сметал за научна фаза се случувањата по неуспехот на Наполеон. Тоа била можност за луѓето да најдат и спроведат решенија за социјалните проблеми. Овој закон на Конт претставува една од првите теории на социјалната еволуција.

Останатите закони на Конт му овозможиле да направа систематизацција и соодветна хиерархија на неорганската физика (астрономија, геологија, хемија и сл.) и органската физика (биологија и социјална физика од која подоцна настанала социологијата).

Идејата на Огист Конт била да се создаде науката социологија која ќе ги вклучува сите останати науки и која ќе ги интегрира наодите во кохезивна целина.

Објаснувањето на Конт на позитивистичката филозофија довело до значаен однос помеѓу теоријата, праксата и човечкиот разум.

Конт ја смислил и кованицата алтруизам, која се однесувала на моралните обврски на поединецот да ги стави интересите на останатите над сопствените што довело до спротивставување во поглед на зачувувањето на поединечните права.

За време на неговиот живот, на неговиот труд за позитивизмот многумина гледале со скептицизам, бидејќи позитивизмот го издигнувал на ниво на религија, а себеси се нарекувал папа на позитивизмот. Конт прв го употребил зборот социологија како кованица на латинскиот збор societas (општество) и старогрчкиот logos (наука).

Огист Конт се смета за основоположник на западната социологија, но сепак на исток пред него тоа го сторил Ибн Калдун.

Користена литература уреди

Наводи уреди

  1. Oxford English Dictionary: altruism. 2nd ed. 1989“.

Надворешни врски уреди