ОУ „Ванчо Прке“ - Делчево

„Ванчо Прке“основно училиште во Делчево, Општина Делчево.[1].

„Ванчо Прке“

Место
Општина: Делчево
Нас. место: Делчево
Адреса: Никола Ј. Вапцаров бб.
Местоположба
Основни информации
Основано: 1971
Директор: Горан Велков
Број на ученици: 547
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место vancoprke.edu.mk
Е-пошта ouvancoprkedelcevo@yahoo.com
Телефон +38933511399

За училиштето уреди

Локацијата на ООУ „Ванчо Прке“ Делчево е во централниот дел на градот поточно на ул. Никола Ј. Вапцаров бб во Општина Делчево, со статус на јавна установа чија основна дејност е воспитание и образование на деца, ученици од прво до деветто одделение. Објектот во кој се изведува воспитно-образовната дејност е граден 1971 година, а настава почнала да се изведува во 1973 година. Зградата  е од тврда градба на два ката и подрум и одговара на намената за која е изградена.ООУ „Ванчо Прке“ располага со 31 училници од кои 15 за одделенска настава и 16 за предметна настава.  Сите училници се обезбедени со компјутери и нагледни средства. ООУ „Ванчо Прке“ е деветгодишно училиште кое ги опфаќа учениците од населбите „ Прв, Втор и Трет реон“, „Расадник“, „Басарица“  „Стар Монопол“ и дел од населбата „Ново Делчево“ како и учениците во подрачните училишта од населенети места Габрово и Звегор.

Во непосредна близина на училиштето се наоѓа Домот на културата, Градскиот парк и ЈГДУ Весели Цветови.

Во својот состав ООУ„Ванчо Прке“ има и подрачни училишта и тоа две петгодишни  подрачни училишта во с.Звегор и с.Габрово.

Наводи уреди

  1. „Регистар на основни училишта“. data.gov.mk. Посетено на 30.01.2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)