Ноград
Nógrád megye
Грб на округот
Регион Северна Унгарија
Административен центар Шалготарјан
Површина 2.544,18 км2
Население 210.182 (2008)
Густина на населението 82,6 /км2
Број на населени места 131
Мрежно место www.nograd.hu/
 Унгарија

Ноград (унгарски: Nógrád) е еден од 19те окрузи на Унгарија. Ноград се наоѓа во северна Унгарија. Своите граници ги дели со Словачка и унгарските окрузи Пешта, Хевеш, Боршод-Абауј-Земплен . Главен административен центар на округот е Шалготарјан. Површината изнесува 2544 км2.

Поглед од Салго замокот во северен Ноград.

Ноград е познат по неговата историска архитектура, која ги вклучува античките готски цркви и камените замоци кои датираат од 13 век. Други историски атракции се и барок зградите кои се изградени во XVIII век.[1] Поголемиот дел од северната граница на округот ја формира реката Иполи. Делови од планиниските вериги Борсони, Черхат и Матра лежат во округот.

Поради планините, округот се одликува со мали селцат кои се сместени во ридовите. Најголемите градски населби во округот се Баласѓармат, поранешната столица на округот и Шалготарјан кој станал индустриски центар во раниот 20 век, како резултат на ближните рудници.[2]

Наводи уреди

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-06-14. Посетено на 2010-06-24.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2010-06-24.

Надворешни врски уреди

Координати: 48°00′ N; 19°34′ E / 48.00° СГШ; 19.57° ИГД / 48.00; 19.57