Ново Време (руски весник)

Ново Време, или Нова ера, (на руски: Новое время) бил руски весник во периодот меѓу 1868 - 1917 година, се печател во Санкт Петербург, до 234 броја во 1869 година, излегувал 5 пати неделно, а потоа секојдневно. Од 1881 година излегувале по 2 изданија - наутро и навечер. Од 1891 година имал неделен илустриран прилог.

Реклама страница на весникот, од 5 (17) мај 1896 година, со најавата на првиот настап на "подвижни слики" - кинематографијата во Санкт Петербург

При Устрјалов на 23 мај 1872, Ново Време како либерален весник, објавил една од првите статии на руски јазик посветени на првиот том на Капиталот од Карл Маркс. Со Суворин, весникот имал контроверзна репутација: од една страна, тоа бил голем весник со "европски стил", се објавувале странски вести со детални и информации, најави на големи компании, подробна хроника, текстови за истакнати личности. Пријателски односи со весникот и уредникот Суворин лично одржувал Антон Чехов.

Од друга страна, сè повеќе и повеќе во руското либерално општеството, уредувачката политика на Ново Време еволуирала во сервилен, реакционерен и непринципиелен весник, вакавата уредувачка политика на многу начини била поврзано со Буренин и неговите антисемитски изјави за аферата Драјфус. Поради таквата позиција на Буренин, бил негативно оценуван од неоплитичките руските модернисти во периодт меѓу 1900-1910 година.

Во периодт меѓу 1901-1917 една од водечките публицисти на весникот бил Михаил Мењшиков. Весникот бил затворен од страна новата власт, следниот ден по Октомвриската револуција, 26 октомври (8 ноември) 1917 година. Поради критичката настроеност на весникот кон болшевиците и револуционерните идеии, самиот Ленин истакнал дека весниникот пропагирал: одметништво, отпадништво и подлизурство [1].

Во периодот меѓу 1920-1930 години синот на Суворин во Белград, издавал весник со истото име.

Издавачи уреди

А. К. Киркор и Н. Н. Љуматов (1868—1872)
Ф. Н. Устрјалов (1872—1873)
О. К. Нотович (1873—1874)
К. В. Трубников (1874—1876)
А. С. Суворин (1876—1912)

Извори уреди

  1. В. И. Ленин. Полное собрание соч., 5 изд., т. 22, с. 44

Надворешни врски уреди