Николај Островски

Николај Алексеевич Островски (руски: Николай Алексеевич Островский) (29 септември 1904 - 22 декември 1936) бил советски писател. Неговите дела се со автобиографски карактер и во нив се зборува за животот и подвизите на младината во текот и по социјалистичката револуција во Русија. Романот „Како се калеше челикот“ станал класично дело на руската книжевност, доживувајќи повеќе од 200 изданија.

Николај Алексеевич Островски