Николај Михајлович Каменски (рус. Николай Михайлович Каменский), 27 декември 1776 - 4 мај 1811) бил руски генерал којшто живеел уште само 2 години по смртта на неговиот татко, фелдмаршалот Михаил Каменски.

Портрет на Николај Каменски

Николај како и неговиот постар брат Сергеј се школувал во кадетско училиште. Во 1799 година тој бил прогласен за генерал мајор од страна на царот Павел I. Истата година тој бил испратен во Швајцарскиот поход против Наполеон како придружник на Александар Суворов. Во Битката кај Аустерлиц, потчинет на Петар Багратион тој изгубил 1.600 луѓе, а едвај успеаљл жив да се спаси. Тој се истакнал во Битката кај Ејлау и затоа бил награден со Орденот Св. Ѓорѓи. Потоа бил испратен со 8.000 луѓе во утврдување на Опсадата на Данциг, но потфрлил губејќи околу 1.500 луѓе. Во наредната битка кај Хеилсберг командувал со 1.700 луѓе.

За време на Финската војна, најголемата војна во неговиот живот избегал во 1808 година. Каменски биул познат по неговото невнимание врз животите на неговите војници. За генерал бил прогласен во 1809 година. Потоа тој имал голем успех против Швеѓаните во битките кај Куртан и Ораваис.

Каменски учествувал и во Руско-турската војна (1806-1812) каде што бил поддржан и од неговиот брат. Тој победил кај Силистра и Пазарџик, меѓутоа загубил кај Видин. Во овие походи тој загубил околу 1.500 луѓе, што е малку во споредба на противничките 10.000 жртви.

На 4 февруари 1811 Николај Каменски се разболел од треска и бил префрлен во Одеса. Не успеал да закрепне и умрел три месеци подоцна, на 4 мај 1811 на возраст од 34 години.