Нефтида или Нефтис припаѓа на Енеадата од Хелиополис. Таа била ќерка на Нут и Геб; сестра на Озирис, Сет и Изида; жена на Сет; мајка на Анубис.

Нефтида

Нејзини титули; Дама на Телото (од Боговите); Жителот во Сену; Дама на Небесата; Голема Божица - Дама на Животот.

Нефтида во древните храмски египетски теологии и космологии била позната како „Корисната Божица“ или „Извонредната божица“, бидејќи претставува божествена поддршка на бројни нивоа. Нефтида, исто така, била жестока, потенцијално опаснa божица, која е способна да ги спали непријателите на Фараонот со нејзиниот огнен здив. Таа, главно, била обожувана во Сену, Хебет (Бехбит), Пер-мерт, Ре-неферт, Хет-секем, Хет-Кас, Та-кехсет и Диосполит; додека нејзиното главно светилиште било во градот Хелиополис.

Нефтида „мајката што го одгледала“ богот Хор, исто така, била сметана за доилка на самиот Фараон. Овие заштитнички квалитети ја направиле божица со голема флексибилност, која не живеела постојано (како што погрешно се тврди) во сенка на нејзината сестра Изида. Уште повеќе, Нефтида е една од малкуте божици кои посебно се поврзани со светиот систрум, бидејќи таа навистина била заштитничка божица на седмата Нома (област) од Горниот Египет. Оваа нома и град Хут/Хет биле сметани како посебен „делокруг“ на Нефтида.

Потекло на поимот уреди

Нејзино египетско име било (Неб-хут/Небет-хет, Небтет) и значи „Господарка на Куќа“ – под зборот „куќа“ се подразбира оној дел од небото кој претставува престојувалиште на сончевиот бог Хор. Според други толкувања, нејзиното име значи „Божица на Храмското Опкружување“, кое најверојатно индицира дека оваа божица е поврзана со одреден храм или некој специфичен аспект од египетскиот храм кој денес е делумно изгубен во модерното разбирање. Сепак, барем знаеме дека (заедно со сестраси Изида) Нефтида го претставува храмскиот пилон или големиот бајрак кој го најавува Божественото Присуство.

Покрај тоа што била сопруга на Сет, таа и била лојална на сестраси Изида и и помогнала да го собере расфрланите делови од Озирис (откако Сет ги распарчал); исто така и помогнала во повторното оживување на мртвиот бог Озирис. На тој начин таа станала поврзана со мртвите т.е. нивен пријател. Нефтида нудела водство на новопочинатиот и утеха за неговата фамилија. Таа била прикажана како жена со хиероглифите од нејзино име (кошница и куќа - еден врз друг) поставени на главата, иако понекогаш имала крилја или форма на птица (јастреб); со што се укажувало дека е сончево божество, како и божество на мртвите. Во подоцнежен период станала мајка на Анубис (богот на мртвите) а како татко се јавува Озирис.

Нефтида ја пратела Изида при нејзиното лутање и неволјите кои ги доживеала барајќи ги распарчените делови на својот маж Озирис. Имала како и Изида место во Сончевиот чун кој излегол од првобитната вода каде што најверојатно била претставничка на квечерината. Според една легенда таа најверојатно била мајка на Анубис со Озирис, додека во текстовите Ра бил прогласен за негов татко. Таа била пратена од Ра да ја исчисти земјата од неверници, т.е да ги убие неверниците. Потоа побарала од Ра да се одмори и станала еквивалент на грчката Афродита. Станала божица на љубовта, плодноста и жената како и нејзина заштитничка. Во погребните папируси таа секогаш ја прати Изида додека таа и' помага на умрените, и како што помогнала на Озирис и Изида да ја победат лукавоста на нејзиниот маж Сет, така и' помагала на мртвите да ја надвладеат силата на смртта и гробот, и заради тоа била божица на подземниот свет.

Наводи уреди

  • Египетска религија - египетската идеја за задгробниот живот - Е.А. Волис Баџ