Неум (хрватски и бошњачки: Neum) — единствениот приморски град во Босна и Херцеговина и седиште на Општина Неум. Околу него се протега крајбрежје со должина од 21 км, што е единствениот пристап на земјата на Јадранското Море. Неум се наоѓа во Херцеговско-неретванскиот кантон во рамките на Федерацијата Босна и Херцеговина.

Неум
Град
Поглед на Неум
Грб на Неум
Неум is located in Bosnia and Herzegovina
Неум
Неум
Местоположбата на Неум
Координати: 42°55′N 17°37′E / 42.917° СГШ; 17.617° ИГД / 42.917; 17.617
Земја Босна и Херцеговина
ЦелинаФедерација БиХ
КантонХерцеговско-неретвански
ОпштинаНеум
Население (попис 1991)
 • Вкупно1.993
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Повик. бр.+387 36
Мреж. местоhttp://www.neum.ba
Поглед на одморалиштата во Неум

Неум е сместен на стрмни ридови, има песокливи плажи и има неколку големи хотели. Цените обично се пониски одоние на нивниот сосед, Хрватска, и со тоа ова е популарно одредиште кај оние кои трошат по продавнмици. Туризмот е главна стопанска гранка во областа. Во врвот на сезоната граничните формалности со Хрватска се лабави.

Неум нуди 5.000 легла за туристи, од кои 1.810 по хотели, а останатите по мотели, вили и приватно сместување. На општинско ниво, туризмот во Неум е активен само во крајбрежниот предел. Внатрешноста на Неум се одликува со богата археолошка историја и недопрена дивина и затоа таму селскиот туризам е во развој.

Градот е домаќин на годишниот музички настан, „Ентофест Неум“.

Неум има долги топли лета, а кратки и благи зими. Тој е еден од крајбрежните градови со највеќе сончеви часови во светот. Просечната температура на морето изнесува 13 °C во јануари и се искачува до 32 °C во јули и август. Најпопуларни активности се пливањето и сончањето, крајбрежните прошетки, пловењето и разни водни спортови.

Неум е оддалечен 60 км од Дубровник (80 км од дубровничкиот аеродром), 70 км од Мостар и Меѓугорје и 30 км од Плоче и Метковиќ, кои обете имаат железнички станици.

Градот бил домаќин на конференцијата насловена како Уставно-правната положба на хрватите во Босна и Херцеговина во доцниот дел од октомври 2005 г.

Регионот Неум ја сече Хрватска на два неповрзани дела. Ова е исход од Карловечкиот мировен договор од 1699 г. Во овој договор Дубровничката република ѝ го отстапил Неумскиот регион на Отоманското Царство за да избегне да се граничи со окупаторската Венецијанска Република.

Фактот што за да се стигне до најјужниот дел на Хрватска, прво мора да се премине босанската граница ја натерал владата на Хрватска да изгради Пељешачкиот мост од Клек до Пељешац со кој се заобикулува границата.

Демографија уреди

Во 1991, општината Неум имала 4.268 жители:

Самиот град Неум има 1.993 жители:

Историја уреди

Во војната помеѓу Светата Лига и Отоманското Царство, Дубровник го предал Неумскиот регион на Турците. Вака турката војска имала пристап на Јадранот, а воедно и Дубровник имал заштита од Венецијанската Република.

За последен пат Турците го користеле Неумскиот Залив за воени цели додека се повлекувале од реонот за време на навлегувањето на австроунгарците во БиХ во 1878 г.

Поврзано уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди

Координати: 42°55′N, 17°37′E