Непчената коска (латински: os palatinum) е парна коска сместена зад максилата.

Непчена коска
Трајни заби на горната вилица, (хоризонтален дел од непчената коска видлив на дното.)
Бочна страна од черепот, (непчената коска е означена во долниот дел, лево.)
Податоци
Назнаки
ЛатинскиOs palatinum
MeSHA02.835.232.781.324.502.660
TAA02.1.13.001
FMAFMA:52746

Делови уреди

На непчената коска се разликуваат:

  • Вертикална плочка (латински: lamina pependicularis) е сместена меѓу телото на максилата и крилестиот израсток од сфеноидалната коска. Таа учествува во градбата на латералниот ѕид од носната празнина.
  • Водорамна плочка (латински: lamina horizontalis) се наоѓа зад непцевиот израсток од максилата и влегува во состав на коскеното непце градејќи ја неговата задна третина.

Зглобови уреди

Непчената коска се зглобува со коските на черепот кои се наоѓаат на задниот дел од носната шуплина помеѓу максилата и сфеноидалниот израсток. Учествува во градбата на три шуплини: латералниот ѕид на носната шуплина, покривот на устата , подот на орбитата така што формира инфериорна пукнатина.

Кај животните уреди

Кај рибите непчената коска се состои од плоча која лежи на внатрешниот раб од максилата. Непчени коски може да се сретнат и кај некои водоземци и жаби. Кај птиците непчените коски се одвоени од задниот дел од горната вилица.

Галерија уреди

Надворешни врски уреди