Најдорфова варијанта

Најдорфовата варијанта[1] во Сицилијанска одбрана е едно од најсложените и најприфатливи шаховски отворања. Тоа е едно од најпопуларните одговори на црниот на потегот 1.е4. Отворањето името го добило по полско-аргентинскиот велемајстор Мигел Најдорф.

Најдорфова варијанта
abcdefgh
8
a8 црн топ
b8 црн коњ
c8 црн ловец
d8 црн дама
e8 црн крал
f8 црн ловец
h8 црн топ
b7 црн пешак
e7 црн пешак
f7 црн пешак
g7 црн пешак
h7 црн пешак
a6 црн пешак
d6 црн пешак
f6 црн коњ
d4 бел коњ
e4 бел пешак
c3 бел коњ
a2 бел пешак
b2 бел пешак
c2 бел пешак
f2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
c1 бел ловец
d1 бел дама
e1 бел крал
f1 бел ловец
h1 бел топ
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Потези 1.e4 c5 2.Sf3 d6 3.d4 cxd4 4.Sxd4 Sf6 5.Sc3 a6
ЕШО B90-B99
Предотворање Сицилијанска одбрана
На Chess Games

Варијантата настанува со потезите:

1. e4 c5
2. Sf3 d6
3. d4 cxd4
4. Sxd4 Sf6
5. Sc3 a6

Петтиот потег на белиот, ...a6 е со цел да им го одземе полето b5 на белите коњи и белополниот бел ловец, овозможувајќи максимална флексибилност против нападот на белиот.

Обично, планот на црниот е да започне со пешачки напад на даминото крило и да врши притисок на белиот пешак на е4. Најчесто ова може да се направи со ...b5, ...Lb7, проследено со поставување на коњот на с5. Белиот, исто така мора да внимава на евентуалната жртва на црниот на с3, каде обично белиот го одржува својот коњ, кој го заштитува важниот пешак на е4. Оваа жртва е карактеристична тема во Сицилијанската одбрана.

Варијанти уреди

Вообичаени потези на белиот против Најдорфовата варијанта се 6. Lg5, 6. Le3 и 6. Lc4; 6. Le2 исто така е популарен потег. Потезите 6. f4 и 6. g3 не се толку вообичаени, но исто така имаат своја примена против Најдорфовата варијанта.

Главна линија уреди

abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Главната линија во Најдорфовата варијанта

Најстариот и најостар потег на белиот против Најдорфовата варијанта е веднаш да се одигра 6.Lg5 (Главна линија или Стара главна линија), по што најчесто следува 6...e6, проследено со 7.f4, со надеж да се искористи врзувањето на коњот. Наједноставниот одговор на црниот е 7...Le7, по што главната линија продолжува со потезите 8.Df3 Dc7 9.0-0-0 Sbd7 и сега 10.g4 или 10.Ld3. 8...h6 9.Lh4 g5 е неславмната Аргентинска (Гетеборшка) варијанта, именувана по шведскиот град, каде за првпат била одиграна од аргентинските шахисти во 1955. Во овој експеримент, тројцата аргентински шахисти кои ја одиграле оваа варијанта, ги загубиле партиите, па оваа варијанта за кратко била сметана за лошо продолжение. Со продолжението 10.fxg5 Sfd7, црниот се стреми да го насочи коњот кон е5, со што би имал контрола над полето и од коњот на d7 и од коњот на c6 d7 or c6). потегот 11.Sxe6! бил пронајден од страна на Ефим Гелер. По 11...fxe6 12.Dh5+ Kf8 13.Lb5, две од трите аргентински трагични партии продолжиле со 13...Se5, отстапувајќи од 13...Kg7. Неколку години подоцна, во 1958, Боби Фишер го пронашол одбранбениот потег 13...Тh7. Модерната теорија ја има анализирано оваа линија, со резултат реми како најдобро остварување на белиот во оваа позиција.

И покрај овие продолженија, за најдобар потег на црниот и како потег на мајсторско ниво се смета потегот 7...Db6!?, којшто води до многу сложената варијанта со отровен пешак (8. Dd2 Dxb2 9. Tb1 (или 9.Sb3) Da3. Црниот има материјална предност од еден пешак, но заостанува во развојот. Но, и покрај тоа, тој може брзо да ги мобилизира своите фигури, така што белиот би останал со минимална положбена предност со недостаток од еден пешак. Велемајсторите Кирил Георгиев и Атанас Колев, на страницата број 10 од нивната книга посветена на Најдорф, насловена Најсострата Сицилијанка пишуваат „Долги години, потегот 6.Lg5 се сметаше дека е потенцијална бомба во Најдофовата варијанта, но денес ретко се гледа на највисоко ниво. Тоа е поради познатата варијанта со отровен пешак . . . .“ Според нив, линијата води до реми со најдобра игра, како во партијата Ваљехо Понс-Каспаров, одиграна во Москва во 2004[2], за што пишуваат „веројатно ќе остане последниот збор во теоријата за оваа линија . . . . " (стр.11).

Други познати одговори на 7.f4 се: 7...Dc7, прославен од страна на Гари Каспаров и Борис Гелфанд, 7...Sbd7, ризичното 7...Sc6!? и 7...b5, многу острата Полугаевскиева варијанта.[3]

Англиски напад уреди

abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Англискиот напад во Најдорфовата варијанта

Ова е одерната главна линија во Најдорфовата варијанта во Сицилијанска одбрана. Уште во 1990-тите, поролжението 6.Le3, проследено со f2-f3, g2-g4, Dd2 и донекаде 0-0-0 станало многу популарно и интензивно било анализирано, иако потегот 6...Sg4!? фрлил сенка на целото продолжение, откако Гари Каспаров успешно го применувал. И покрај тоа, шахистите со бели фигури, кои сакаат да го избегнат непријатното продолжение на црниот,6... Ng4!?, може да одиграат 6. f3, па по овој потег да ја трансформираат својата игра во англискиот напад. Од друга страна, ако белиот одигра 6. Le3, тој може да влезе воп линијата на Перењевиот напад, доколку црниот одигра 6... e6, по што белиот е во можност веднаш да продолжи со g2-g4, без да одигра f2-f3. Перењевиот напад вопди до многу остри и сложени позиции.

Фишер-Созинов напад уреди

abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Фишер-Созиновиот напад во Најдорфовата варијанта

Белиот игра 6. Lc4 со цел да обезбеди контрола на дијагоналата a2-g8 (на тој начин и на полето d5, наместо да го одигра острото продолжение 6. Lg5); со ова, продолжението 6... e5, многу повоочливо ја ослабнува позицијата на црниот, па на ова место, тој најчесто продолжува со 6... e6. Ова продолжение станало популарнно, со неговата примена од страна на Боби Фишер и денес се смета за едно од најприфатливите продолженија во Најдорфовата варијанта. На пример: 1. e4 c5 2. Sf3 d6 3. d4 cxd4 4. Sxd4 Sf6 5. Sc3 a6 6. Lc4 e6 7. Lb3 или 7. O-O и 8. Lb3, по што прартијата влегува во фаза на силна тактичка борба.

Класична варијанта уреди

abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Класичната варијанта во Најдорфовата варијанта

Поради остварените успеси со примената на претходните продолженија на различни шахисти (најпознати меѓу нив се Боби Фишер и Гари Каспаров), белиот често игра 6. Le2, со што влегува во помирна, положбена игра, каде црниот ја има можноста да ја трансформира играта во Шевенингенска варијанта, продолжувајќи 6...e6 или по можност да остане во линијата на Најдорфовата варијанта, играјќи 6...e5.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Sicilian, Najdorf (B90)“. Chess openings. Chessgames.com. Посетено на 2008-01-19.
  2. „Francisco Vallejo-Pons vs Garry Kasparov (2004)“. Посетено на 2008-01-19.
  3. „Sicilian, Najdorf (B96)“. Chess openings. Chessgames.com. Посетено на 2008-01-19. (позната и како Најдорф, Полугаевскиева варијанта)

Корисна литература уреди