Национален парк Тонгариро

национален парк во Нов Зеланд

Национален парк Тонгариро (англиски: Tongariro National Park) — најстариот национален парк во Нов Зеланд, кој се наоѓа на Северниот Остров. Прогласен е од УНЕСКО за еден од 25-те мешани (културно-природни) места на светско наследство.

Национален парк Тонгариро
Tongariro National Park
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Реката Махуија низ националниот парк
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 408: Malformed coordinates value
Местоокруг Руапеху, Нов Зеланд
Најблизок градНешенал Парк
Координати39°17′27″S 175°33′44″E / 39.29083° ЈГШ; 175.56222° ИГД / -39.29083; 175.56222
Ширина70
Површина795,96 km2 (307,32 sq mi)
Воспоставен(а)октомври 1887
Управно телоСлужба за заштита на природата
Светско наследство на УНЕСКО
Критериумкултурно и природно: (vi), (vii), (viii)
Навод421bis
Запис1990 (XIV заседание)
Дополнувања1993

Паркот е четвртиот најстар национален парк светот. Во средиштето на паркот се извишуваат вулканските планини Руапеху, Нгаурухое и Тонгариро.

Во паркот има повеќе маорски свети места, како гробот на славниот поглавица Те Хеухеу Херекеикеи.[1] Врвовите на Тонгариро, Нгаурухое и Руапеху се сметаат за „тапу“ (неприкосновени).[2]

Географија уреди

Местоположба уреди

Националниот парк Тонгариро зафаќа површина од околу 795,98 км2, протегајќи се помеѓу 175° 22' и 175° 48' источно и 38° 58' и 39° 25' јужно, во самото средиште на Северниот Остров на Нов Зеланд. Оддалечен е 330 км јужно од Окленд по пат, и 320 км северно од Велингтон. Само неколку киломтри југозападно лежи езерото Таупо. Паркот опфаќа голем дел од Северноостровската вулканска висорамнина. Веднаш на исток се наоѓаат ридиштата на венецот Каиманава. Западно се протега реката Фангануи, која тече низ националниот парк Фангануи.

Најголемиот дел од паркот спаѓа под округот Руапеху (регион Манавату-Вангануи), додека североисточниот дел навлегува во округот Таупо (региони Ваикато, и Хоков Залив на север).

Големина уреди

 
Сателитска снимка на националниот парк Тонгариро

Националниот парк Тонгариро се протега околу масивот од трите вулкани Туапеху, Нгаурухое и Тонгариро. Иако се наоѓа надвор главното подрачје на паркот, во него се вбројува и пејзажниот резерват Пиханга, со езерото Ротопоунаму и планините Пиханга и Какарамеа.

Крај границата на паркот се сместени селата Нешенал Парк и Охакуне, а понатаму се местата Туранги, Ваиоуру и Раетихи. Во самиот парк нема постојани населени места, туку само скијачкиот центар Факапапа селото Ивикау, кое се состои исклучиво од објекти за престој на скијачите. Националниот парк Тонгариро е окружен со добро одржани патишта кои ги следат меѓите на паркот и овозможуваат лесен пристап. На запад автопатот State Highway 4 поминува низ селото Нешенал Парк, а на исток паралелно со реката Тонгариро минува автопатот State Highway 1, познат по својот дел наречен Пустински Пат. На север кон овие автопати се придружува и автопатот State Highway 47. На југ со патиштата се поврзува и автопатот State Highway 49. Низ селото Нешенал Парк поминува и главната железничка линија од Окленд до Велингтон.

Клима уреди

Како и целиот Нов Зеланд, националниот парк Тонгариро има умерена клима. Предоминантните западни ветрови доаѓаат од Тасмановото Море. Влажните ветришта удираат во високите вулкански планини, и затоа паркот има врнежи речиси секој ден. Разликите исток-запад во врнежите не се така значајни како кај Јужните Алпи бидејќи трите вулкани не се поврзани со поголем планински венец, и ветерот едноставно се канализира над врвовите. Селото Факапапа (1.119 м) има просечни годишни врнежи од 2200 mm, Охакуне (610m) околу 1250 mm а на повисоките места, како селото Ивикау (1.770 м) просечните годишни вржени изнесуваат околу 4900 mm. Зимно време паркот е прекриен со снег од врвотите, па сè до околу 1.500 м. Температурите варираат во огромна мера, дури во текот на еден ист ден. На Факапапа знае да биде под нулата во текот на целата година. Просечната температура изнесува 13 °C, со максимална температура од 25 °C во лето и најниска од -10 °C во зима. Во некои лета врвовите на трите вулкани се прекриени со снег. Најгорниот дел на планината Руапеху има снежни подрачја секое лето, а самиот врв е замрзнат.[3]

 
Изгрев кај националниот парк Тонгариро

Геологија уреди

Вулканитге Тонгариро, Нгаурухое и Руапеху се на јужниот крај од низа вулкани со должина од 2500 км, под кои Индоавстралиската Плоча се среќава со Тихоокеанската. Овие вулкани се резултат на внатрешните тектонски процеси помеѓу тие две плочи. Тихоокеанската плоча субдуктира под Индо-австралиската плоча, и потоа се топи поради високата температура на естеносферата. Бидејќи оваа магма е со помала густина, се искачува кон површината и излегува низ понежните делови од Земјината кора (раседите), резултирајќи во вулканска активност. Планините во националниот парк Тонгариро се формирани благодарение на овие вулкански процеси во текот на илјадници години.

Биологија уреди

 
Јужнобукова шума на падините на планината Руапеху

Флора уреди

Националниот парк Тонгариро е сурова и делумно нестабилна околина. Северно и западно од паркот близу езерото Таупо се простира жолтодрвенесто-широколисна дождовна шума врз површина од 30 км2, и сè до надморска височина од 1000 м. Во оваа шума вирејат дрва од видовите Холова тотара (Podocarpus hallii), кахикатеа (Dacrycarpus dacrydioides), камахи (Weinmannia racemosa), пахаутеа (Libocedrus bidwillii), и многубројни епифитски папрати, орхидеи и габи. Дрвјата пахаутеа виреат и повисоко, до надморска височина од 1530 м, каде што покриваат 127.3 км2. На оваа височина има и букова шума од 50 км2 во која растат црвената (Nothofagus fusca), сребрената (Nothofagus menziesii) и планинската бука (Nothofagus solandri var cliffortioides). Од ниските растенија е застапен крунскиот папрат (Blechnum discolor) и повеќе видови грмушки.[4] Паркот има предел од 95 км2 со честак, со канука (Leptospermum ericoides), манука (Leptospermum scoparium), целерен бор (Phyllocladus aspleniifolius), инака (Dracophyllum longifolium), влакнест мов (Rhacomitrium lanuginosum), мали буки и доведен врес. На северозапад, и околу планината Руапеху, помеѓу надморска височина од 1200 и 1500 м, бусеновиот честак and бусеновата трева прекриваат голема површина (околу 150 км2), каде е главно застапен ендемскиот црвен бусен (Chionochloa rubra), инаката, подвитканиот змејолисник (Dracophyllum recurvum), wire rush (Empodisma minus), and bog rush (Schoenus pauciflorus), вресот и треви како крутиот бусен (Festuca novaezelandiae) и ливадарката (Poa colensoi). Над височина од 1500 м теренот се состои од полиња од камен и чакал и затоа не е стабилен. Но и покрај ова, тука се среќаваат понекои видови како подвитканиот неинеи, снежната тотара (Podocarpus nivalis), шумската јагода (Gaultheria colensoi), остриот бусен (Rytidosperma setifolium), сината трева и планинската маргаритка Raoulia albosericea, кои покриваат површина од 165 км2. Помеѓу 1700 и 2020 m надм. височина има некои изолирани видови на Parahebe, Gentiana gellidifolia и лутичиња. Над 2200 m опстојуваат само закоравени лишаи.

Фауна уреди

Во паркот се застапени 56 позначајни видови птици, од кои доста се ретки ендемски видови како североостровското кафеаво киви, каката, сината патка, североостровската папратна птица (Bowdleria punctata vealeae), двопругиот дождосвирец (Charadrius bicinctus) и новозеландскиот сокол (карејареја). Други чести видови во паркот се птицата туи, новозеландско ѕвонче (Anthornis melanura), јужна јастребеста утка, пепеластото шаварче (Gerygone igata), лепезоопашести и белоочка. Во паркот живеат единствените два вида на домородни цицачи: краткоопашестиот и долгоопашестиот лилјак (Mystacina tuberculata и Chalinolobus tuberculatus). Во паркот се присутни многубројни инсекти како молците и ветата. Како и во целата земја, во паркот се присутни и доведените животни како црниот стаорец, ласицата, мачката, питомиот и дивиот зајак, посумот и обичниот елен.

Активности уреди

 
Поглед на Руапеху од селото Факапапа во националниот парк Тонгариро. Овој пат се искачува до селото Ивикау, преку кое се стигнува до скијачките терени.

Главни разонодни активности во паркот се планинарењето и искачувањето во лето, и скијањето и скијањето на штица (сноубордингот) во зима. Паркот нуди можности и за лов, спортски риболов, планински велосипедизам, јавање, сплаварење и надлетување со авиони и хеликоптери.

Планината Тонгариро и околината фигурираат како сцени во филмот „Господар на прстените“ на Питер Џексон, и локалните угостители приредуваат тури за разгледување на тие места од филмот.

Најпопуларната планинарска патека во паркот е т.н. „Тонгарировски алпски премин“ (Tongariro Alpine Crossing). Најголемиот дел од патеката е дел и од патеката наречена „Тонгарировската северна кружна патека“ (Tongariro Northern Circuit), покоја може да се оди два или четири дена, и е една од деветте „Славни патеки“ (Great Walks). По овие патеки може да се оди и до врвовите на планините Тонгариро Нгаурухое. Друга интересна патека е 3-6 дневната „Околупланинска патека“ (Round the Mountain Track) околу планината Руапеху. Освен овие, постојат и разни пократки патеки за еднодневни планинарења. Со оваа мрежа од патеки, три кампувалишта, две итни засолништа, девет државни и четири приватни куќарки и скијачкото одморалиште Факапапа, паркот е мошне добро развиен за туризам. Овие патеки служат и како зимски маршрути, но и како пат до врвот на плнанината Руапеху. На посетителите им се нуди и качување по карпи. Скијачката сезона почнува на крајот на јули и завршува при почетокот на ноември. Најголемиот скијачки терен, исто така наречен Факапапа, се наоѓа на северозападните падини на планината Руапеху. Опремено е со 15 скилифтови, покривајќи површина од 5,5 км2. Веднаш до теренот има 47 скијачки куќарки. Следното населено место е на дното, во Факапапа. На југопазадните падини има малку помал скиајачки терен наречен Туроа. Иако има само девет скилифта, ова скијалиште со 5 км2 по големина е речиси исто како Факапапа. На терените има и сместување. Најблиското населено место е Охакуне. Дневните карти важат за обете скијалишта, а во план е и жичарница помеѓу нив. Покрај поголемите скијалишта, на југоисточните падини се наоѓа и приватното скијалиште Тукино, под раководство на скијачките клубови Desert Alpine Ski Club и Aorangi Ski Club. Тоа има две влечни жичарници, и зазема површина од 1,9 км2.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Beetham, George (1926). The First Ascent of Mount Ruapehu. Introduction by T. E. Donne.
  2. Cowan, James (1927). The Tongariro National Park, New Zealand - Its topography, geology, alpine and volcanic features, history and Maori folk-lore. Chapter II: The Mountains of the Gods. стр. 29–33.
  3. „Tongariro weather“. Служба за заштита на природата. Посетено на 2007-03-24.
  4. C. Michael Hogan. 2009. Crown Fern: Blechnum discolor, Globaltwitcher.com, ed. N. Stromberg

Надворешни врски уреди