Национален парк Ракиура

Националниот парк Ракиура (англ. Rakiura National Park) е природен резерват на Стјуартовиот Остров/Ракиура во Нов Зеланд. Овој е најновиот од 14-те национални паркови во Нов Зеланд, отворен на 9 март 2002 г. Зафаќа површина од 1.570 км2, околу 85% од Стјуартовиот Остров, кој е трет остров по големина во земјата. Во паркот не спаѓа населената област околу Полумесечениот Залив (т.е. гратчето Обан) и некои патишта, како и приватна маорска земја повнатре на копното.[1] Паркот се состои од мрежа од поранешни природни резервати, пејзажни резервати и општествени шуми.

Национален парк Ракиура
Rakiura National Park
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Местоположба на Национален парк Ракиура Rakiura National Park
Местоположба на Национален парк Ракиура Rakiura National Park
Карта на Нов Зеланд
МестоСтјуартов Остров
Најблизок градОбан
Површина1570 км2
Воспоставен(а)2002
Управно телоСлужба за заштита на природата

Природознание уреди

Во паркот има популарна планинарска патека наречена Ракиура Трек. Во него живеат најразновидни локални птици, а паркот нуди најдобра можност во земјата за посматрање на птицата киви во дивина. Ова делумно се должи на ограничениот број на невестулки и ласица. Во извесни крајбрежни предели во паркот се размножуваат загрозените жолтооки пингвини.[2]

Поврзано уреди

Наводи уреди

Белешки уреди

Надворешни врски уреди

 
Плажа близу Порт Вилијам Хат на Северното крајбрежје.